Minor Threat е распаднат американски хардкор панк бенд, создаден во 1980 година во главниот град Вашингтон од вокалот Ијан Мекеј и тапанарот Џеф Нелсон. Двајцата порано биле во повеќе бендови заедно. Во формирањето на бендот им се приклучуваат Брајан Бејкер на бас гитара и Лил Преслар на гитара. Во 1982 година составот се проширува на пет луѓе кога во бендот доаѓа и Стив Хансген. Тој ја презема бас гитарата, а Бејкер преминува на втора гитара. Името на бендот во превод значи Безначајна закана.

Minor Threat
Настап на бендот во Вашингтон, САД во 1981 г. (Од лево кон десно: Лил Преслар, Брајан Бејкер, Ијан Мекеј)
Животописни податоци
ПотеклоВашингтон, САД
ЖанровиХардкор панк
Период на активност1980-1983
ИздавачиDischord Records

Бендот не постоел долго, распуштајќи се по четири години, сепак тој имал силно влијание на панк сцената, стилски но и во воспоставувањето на DIY етиката. Песната „Straight Edge“ станала подлога за појавувањето на Стрејт Еџ движењето, чии поддржувачи се против алкохолот, дрогата и промискуитетот.[1] Се смета дека Minor Threat заедно со бендовите Bad Brains од Вашингтон и Black Flag од Калифорнија ги поставија стандардите за многу хардкор панк бендови во 1980-тите и 1990-тите.

Членови уреди

  • Јан Мекеј, главен вокал (1980-1983)
  • Лил Преслар, гитара (1980-1983)
  • Брајан Бејкер, бас гитара (1980-1982, 1983); гитара (1982-1983)
  • Џеф Нелсон, тапани (1980-1983)
  • Стив Хансген, бас гитара (1982-1983)

Дискографија уреди

  • Minor Threat (EP, 1981)
  • In My Eyes (EP, 1981)
  • Out of Step (студиски албум, 1983)
  • Salad Days (EP, 1985)

Наводи уреди

  1. „Ian MacKaye Interview“. Perfect Sound Forver. Архивирано од изворникот на 2007-06-09. Посетено на 8 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)