Макфунги

(Пренасочено од MACFUNGI)

Макфунги односно MACFUNGI — база на податоци за габите, формирана во рамките во Миколошката лабораторија на Институтот за биологија при Природно–математичкиот факултет во Скопје.[1] Во базата се опфатени 36.000 податоци за габи од Македонија, од Балканскиот Полуостров и пошироко (состојба 2018). Базата овозможува пребарување на податоците според повеќе критериуми како систематски категории, наоѓалиште, земја на потеклото, датум на собирањето, супстрат, надморска височина и др.[2]

Наводи

уреди
  1. Одделение за микологија
  2. Монографија 70 ГОДИНИ ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-18. Посетено на 2018-02-03.

Надворешни врски

уреди