Метар во секунда на квадрат

единица за забрзување изведена од SI
(Пренасочено од M/s²)

Метар во секунда на квадрат (м/с2) е единица за забрзување од системот SI, изведена од основните единици за должина, метар и време, секунда. Формално симболот се претставува во неколку облици: м/с2, m·s−2 или m s−2.

Самото забрзување физички се толкува како промена во брзината по единица време, т.е. „метри во секунда во секунда“.

Пример

уреди

Еден предмет постојано забрзува со еден метар во секунда на квадрат (1 м/с2) од мирување, кога ќе достигне брзина од 5 м/с по 5 секунди и 10 м/с по 10 секунди.

Сродни единици

уреди

Вториот Њутнов закон вели дека силата е еднаква на масата помножена со забрзувањето. Единица за сила е њутнот (N), а единица за маса е килограмот (kg). Еден њутн е еднаков на килограм-метар во секунда на квадрат. Затоа, единицата метар во секунда на квадрат е исоветна со њутнот по килограм (N·kg−1, N/kg)[1]

Земјината тежа има забрзување од 9,8 m/s2 или 9,8 N/kg.

Забрзувањето може да се изрази и во однос на гравитацијата, како кај Земјиното забрзување (слободен пад) и најголемото површинско забрзување кај земјотресите.

Наводи

уреди
  1. Kirk, Tim: Physics for the IB Diploma; Standard and Higher Level, стр. 61, Oxford University Press, 2003