Кутикула
(Пренасочено од Kutikula)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Врз надворешните клеточни ѕидови на епидермалните клетки со наслојување на кутин се образува посебен компактен слој наречен кутикула. Овој процес се вика кутинизација. Дебелината и составот на кутикулата влијаат врз интензитетот на фотосинтезата и транспирацјата. Кутикулата го обложува листот од надворешната страна, но е пропустлива за сончевите зраци кои преку неа продираат до сите клетки на листот.
- Кај растенијата хелиофити кои живеат на отворени и добро освтелени места листовите имаат дебела кутикула збогатена со восочни наслаги или густи влакненца.
- Кај растенијата скиофити кои живеат во слабо осветлени места, листовите се покриени со потенка кутикула.
- Кај растенијата хигрофити кои живеат во места со повисока влажност листовите имаат слабо развиена кутикула.
- Кај растенијата ксерофити кои живеат во сушни предели лисјата се со дебела кутикула, восочни наслаги и влакненца.
Кожата кај некои животни содава и творби како што се : - кутикула , хитин , стргунки и влакна Некои кожни клетки излачуваат посебни материи кои на површината на телото образуваат заштитен слој наречен кутикула.