Knautia macedonica
Knautia macedonica, македонска скабиоза — вид цветно растение од семејството Caprifoliaceae, изворен вид во Југоисточна Европа - Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, југоисточна Романија и Киркларели во Турција.[1] Расте до 75 сантиметри, ова тревно повеќегодишно растение дава богати црвени цветови, слични на оние на неговата блиска роднина скабиозата (Scabiosa), на тенки исправени стебла во текот на летото.[2]
Knautia macedonica | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Knautia |
Вид: | Knautia macedonica |
Научен назив | |
Knautia macedonica Griseb. |
Knautia macedonica се одгледува како украсно растение. Исклучително е издржлива, поднесува температури до -20 степени Целзиусоуви и пониски, но бара сончева положба на неутрална или алкална почва.[2] Иако може да биде со краток век, таа лесно се сее самостојно.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Knautia macedonica“. Информативна мрежа за гермоплазмени ресурси. Служба за земојоделско истражување, Министерство за земјоделство на САД. (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 „Knautia macedonica“. RHS. Посетено на 5 March 2021."Knautia macedonica". RHS. Retrieved 5 March 2021.
- ↑ „Knautia macedonica“. Gardenia.net. Gardenia. Посетено на 21 March 2021.