Hello World
"Hello World" (во превод "Здраво свету") е компјутерска програма која печати "Hello, world!" на излезниот медиум на некој уред. Се користи во многу воведни упатства за учење и демонстрација на некој програмски јазик. Тоа е еден од наједноставните програми што можат да се напише во некој програмски јазик.
Цел
уреди"Здраво свету" програмите се традиционално првите програми кои се учат во некој нов програмски јазик. Генерално, едноставни се за пишување и разбирање дури и за корисници кои немаат претходно искуство во компјутерско програмирање, посебно во комбинација со наставник или пишано упатство. Со помош на овој едноставен програм, на нови програмери можат да се објаснат основните принципи на информатиката или елементи специфични за програмскиот јазик. Поискусни програмери можат да научат дел од синтаксата и структурата на програмскиот јазик преку ваквиот програм.
Дополнително, "здраво свету" може да се користи и за тестирање на исправноста на преведувачот, развојната, и извршната околина за програмскиот јазик.
Компјутерски хакери користат "здраво свету" како доказ дека некаков код може да се изврши преку ранливост на некој систем, на место каде што не е дозволен.
Историја
уредиМалите тест програми постојат од појавата на првиот програмабилен компјутер. Фразата "Hello world!" како тест порака првпат се појавува во книгата The C Programming Language. Примерот од оваа книга печати "hello, world
" (без големи букви или извичник), и бил наследен од Programming in C: A Tutorial, внатрешен меморандум од Брајан Керниген во Bell Laboratories, 1974 година. Првата верзија на изворниот кодот била:
int main()
{
printf("hello, world");
return 0;
}
Првата позната заедничка употреба на зборовите "hello" и "world" во компјутерската литература е во 1972 година, во Tutorial Introduction to the Language B[1] на Керниген, со следниот изворен код:
main( ) {
extrn a, b, c;
putchar(a); putchar(b); putchar(c); putchar('!*n');
}
a 'hell';
b 'o, w';
c 'orld';
Варијации
уредиПостојат многу варијанти во однос на интерпункциските знаци и големите букви во фразата. Тие вклучуваат присуство или отсуство на запирка и извичник, голема буква 'H', големи букви 'H' и 'W', или ниедна. Некои јазици се приморани да имплементираат различни форми, како "HELLO WORLD!
", на системи кои поддржуваат само големи букви.
- ↑ „Програмскиот јазик B“. Архивирано од изворникот на 2007-08-08. Посетено на 2009-12-03.
Надворешни врски
уреди„Hello World“ на Ризницата ? |
- Programming in C: A Tutorial од Брајан Керниген — интерно мемо од Bell Labs, кое го содржи горниот C програм
- The Hello World Collection со над 400 програми, вклучувајќи "Hello World" во над 60 природни јазици
- "Hello World" кривата Архивирано на 26 ноември 2009 г.
- "HelloWorld online on Web, and steps beyond HelloWorld"
- MSDN – "Hello Data" база со примери
- HelloWiki[мртва врска] вики засновано на Hello World колекција, со корисни коментари и врски.