Течна хроматографија со високи перформанси
(Пренасочено од HPLC)
Течна хроматографија со високи перформанси или високо делотворна течна хроматографија (скратено HPLC, од англиски: high-performance liquid chromatography) е сепарациона техника во која мобилната фаза е течност, а стационарната фаза е фино иситнета цврста супстанца (на пр. силика) сместена во колона. HPLC се користи за раздвојување на слабо испарливи супстанци, јони, соединенија кои имаат големи молекули. Како детектор на раздвоените супстанци најчесто се користи UV-Vis детектор, иако можат да се користат и други детектори.