fstab е конфигурациона податотека во GNU/Linux. Преку таа податотека се дава опис за останатите датотечни системи, како на пример ЦД уредот, друг диск во компјутерот и сл. Во оваа податотека стојат информации кои на системот му кажуваат што да прави со другите уреди или виртуелни/привремени датотечни системи. Една функционална fstab податотека изгледа вака:

 /dev/hda1        swap             swap        defaults         0   0
 /dev/hda6        /                reiserfs    defaults         1   1
 /dev/cdrom       /mnt/cdrom       auto        noauto,user,ro  0   0
 /dev/fd0         /mnt/floppy      auto        noauto,user,owner     0   0
 devpts           /dev/pts         devpts      gid=5,mode=620   0   0
 proc             /proc            proc        defaults         0   0
 /dev/hdb2       /mnt/ambar        reiserfs    auto,user,rw      0       0
 /dev/hda5       /mnt/kanotix      reiserfs    auto,user,rw      0       0

Опис на податотеката

уреди

Во првата линија имаме дефинирање на Swap партиција и вредности што системот треба да ги вчита. Така, му кажуваме која партиција впрочем е Swap партиција. Во овој случај тоа е /dev/hda1, што претставува првата партиција на првиот диск во компјутерот. Втората партиција на втор (slave или secondary master) диск би била /dev/hdb1 (нумерирање почнува од 0). За Sata* дискови ознаките се /dev/sda1, /dev/sdb2 итн.

Во третата линија дефинирано е како да се монтира ЦД уредот пронајден (најчесто автоматски) на компјутерот. Уредот е на /dev/cdrom (тоа е врска до друг /dev/, може да биде /dev/cdrom -> /dev/hdc и сл. ; ls -l /dev/cdrom). Следната колона кажува каде да се монтира уредот, во случајот во /mnt/cdrom, директориум кој ако системот не го создал и не постои мора вие да го сторите тоа (mkdir /mnt/cdrom, mkdir). Потоа е типот на уредот што би се монтирал во /mnt/cdrom, системот ставил auto. Тој сам ќе се погрижи за да го пронајде типот на медиумот што се монтира (кај ЦД медиумите стандарден датотечен систем е ISO9660). Следните зборчиња во нашиот случај го кажуваат следново:

  • noauto - не го монтирај медиумот во уредот автоматски при пуштање на системот;
  • user - 'кога ќе го монтираш додели му кориснички права (ако овде пишуваше owner' тогаш монтирањето ќе го направеше медиумот пристаплив само за сопственикот, тоа е root корисникот и за обичен корисник ќе беше непристаплив);
  • ro - монтирај го со права само читај (read-only). Во секој случај за обични ЦД/ДВД медиуми ова и не може да биде поинаку (без посебен софтвер на ЦД/ДВД медиум не се запишува, само се чита).

Покрај овие зборови може да се користат и следниве:

  • gid - дефинирање на идент на група;
  • umask - после ова зборче треба да следува вредност - umask=000 - дава права за читање на сите корисници и групи на системот (корисници што знаат да ја користат chmod наредбата ќе знаат како да го употребат и ова поле);
  • defaults - му дозволувате на системот да ги примени стандардните вредности за монтирање на специфичниот уред.

Последните бројќи се користат за проверка на евентуални грешки од програми за таа намена (fsck, reiserfsck, и сл.). Може да го ставате 0 0 освен ако не е строго напоменато поинаку.

USB мемориски модул

уреди

Во некои системи (пр. Slackware) стандардно системот не се погрижува вашите надворешни уреди да бидат автоматски монтирани или понудена можност за монтирање иако тие автоматски се препознаваат.

За вашиот USB мемориски модул (memory stick), најчесто и стандардно /dev е sda* (sda1, sda2, sdb1...). Да земеме предвид (најчесто и е така) дека ќе го користиме /dev/sda1. Во овој случај во fstab податотеката, на крајот додадете го ова:

 /dev/sda1       /mnt/usbstick      vfat    noauto,user,rw      0       0

Снимете ја податотеката и ставете го USB меморискиот модул во приклучокот на компјутерот (/mnt/usbstick (пак) мора да го создавате претходно или веднаш по снимањето). Пишете:

 # mount /mnt/usbstick

Пристапете во /mnt/usbstick или преку конзола или преку справувач за податотеки (Konqueror, Nautilus).

NFS точка на монтирање

уреди

За оваа потреба може да ја прегледате посебната содржина за NFS.