Дипломатикос

(Пренасочено од Diplomáticos)

Дипломатикос (шпан. Diplomáticos) е марка на висококвалитетни кубански пури (Хабанос СА).

Логото на Дипломатикос

Историја

уреди

Иако Кохиба ја има честа да биде првата пост-револуционерно создадена марка, за неа не знаел никој освен високи чиновници, виткачите кои ги правеле и странските политичари кои ги добивале како подарок. Првата марка која изглегла од Куба по револуцијата во вистинска смисла била впрочем Дипломатикос.

 
Кутија пури од Дилпоматикос

Првично Дипломатикос биле создадени како поевтина алтернатива за Монтекристо, главно насочена кон францускиот пазар. Нивната линија ја имитираат прцвичната линија на Монтекристо со пет формати именувани со броеви, сите рачно изработени. Мешавината на оваа линија е поблага од онаа на Монтекристо, најверојатно заради вкусот на француските пушачи на пури, и пурите од оваа марка денес се сѐ уште поевтини од нејзините еквиваленти во линијата на Монтекристо.

Првичната линија се состоела од пет модели именувани со броеви, по пример на Монтекристо. Во 1976 биле воведени моделите No. 6 и No. 7, со иста големина како и Монтекристо Especial No. 1 и Especial No. 2, но биле укинати неколку години подоцна, во раните 1980-ти.

Витоли на Дипломатикос

уреди

Ова е список на витоли (големини) во рамките на производната линија на Дипломатикос со нивните димензии во англиски и метрички систем и нивните vitolas de galera (фабрички имиња) како и нивните конвенционални називи според американскиот жаргон за пури.

Рачно-изработени витоли

  • No. 1 - 6 1/2" x 42 (165 x 16.67 mm) Cervantes, лонсдејл
  • No. 2 - 6 1/8" x 52 (156 x 20.64 mm) Pirámide, пирамида или торпедо
  • No. 3 - 5 5/8" x 42 (142 x 16.67 mm) Corona, корона
  • No. 4 - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Mareva, пети корона
  • No. 5 - 4" x 40 (102 x 15.87 mm) Perla, тре пети корона

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди