Новозеландска дрвеста папрат

(Пренасочено од Dicksonia squarrosa)
Новозеландска дрвеста папрат
Новозеландска дрвеста папрат во шума
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Папрати
Класа: Папратии
Ред: Дрвести папрати
Семејство: Диксониеви
Род: Диксонии
Вид: Новозеландски дрвеста папрат
Научен назив
Dicksonia squarrosa
(Г. Форст.) Св.

Новозеландската дрвеста папрат (лат. Dicksonia squarrosa) — дрвеста папрат со средна големина, со високо и тенко кафено стебло.

Ова дрво дава малку меки листови (папратови листови) и секое од нив никнува во рречиси хоризонтална положба. Листовите достигнуваат 1.5 — 3 м во долкжина, и се многу помали отколку кај кјатејските видови и исто така се прилично кршливи на допир. Тие сочинуваат мал „чадор“ врз стеблото. Растот му е брз со некои 10 см годишно и можат да сотигнат до 6 м во височина.

Понекогаш ваквите папрати извираат дури и од мртви стебла бидејќи растението ги користи како ограда и потпора. Понекогаш може да се забележи дека листовите изникнуваат по страната, кога врвот на растението е мртов.

Новозеландската дрвеста папрат е издржлив на дождови и донекаде на ветер, но најдобро вирее во места со мешана сенка и заштита од ветер. Самото растение толерира секакви временски услови, но не изгледа неправилно. При температури под 4-5° Ц растението треба да се штити со облога на крошната. Листовите се мали и компактни, така што ова дрво е погодно за чување во саксија или во мала градинка.

Ова дрво е познато и под маорското име Феки и расте насекаде во Нов Зеланд. Други имиња за истот дрво се груба дрвеста папрат и кафена дрвеста папрат.