Охридско каранфилче

(Пренасочено од Dianthus ochridanus)

Охридско каранфилче (Dianthus ochridanus ) е локален вид ендемско растение во Национален парк Галичица. Тоа е многугодишно растение познато само за планината Галичица.[1]

Опис

уреди

Од основата на растението вертикално се издигнуваат многубројни цветни гранчиња. Стебленцата се високи 15–20 cm, скоро круглести,сивкаво зелени,со тенки како точка многу ситни брадавички и секогаш со по еден цвет на врвот. Цветните гранчиња со 4-5 пара листови.

Листови

уреди

Листовите сивозелени, рапави:базалните листови линејни, 1-1,2 mm широки, со 3 жили, плоскати или здиплени заострени, по работ ситно напилени; стеблените листови линеjни,со 3 жили,обично наполу покуси од интернодиумите; лисните ракавци 1,2–2 mm долги , 1,5-2 пати подолги од пречникот на стебленцето, црвеникави или со црвеникави точки.

Цвет

уреди

Цветовите поединечни. Чашкините лушпи 6, јаки, кожести, елиптични или обратноовални, голи во основата црвени, одеднаш стеснети во зелен, во основата широк, кус, (2)3–4 mm долг осил. Чашката 17–18 mm долга, 4mm широка, гола, долната половина пурпурна, а горната зелена; чашкините запци триаглести, 6 mm долги, обично пурпурни, по работ со цилии. Ламината на венечните ливчиња 7–8 mm долга, 8 mm широка, црвена, назабена, во основата влакнеста.[1]

Екологија

уреди

По варовнички камењари во субалпскиот појас.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 D.OHRIDANUS Micevski, Prilozi Mak. Akad. Nauk. Umetn. 8 (1-2):34 (1990)