Delicious in Dungeon (јапонски: ダンジョン飯, буквално: Зандана на вкусности) — манга напишана и илустрирана од Рјоко Куи. Била објавена во списанието Harta на Enterbrain од февруари 2014 до септември 2023 г. и била објавена во четиринаесет тома танкобон. Студиото Trigger ја адаптирал мангата во аниме-серија, која се прикажувала од јануари до јуни 2024 г. Во јуни 2024 г. била најавена втората сезона на серијата.[1][2][3]

Корицата на првиот том на мангата, вклучувајќи го Лаиос Тоден

Содржина

уреди

Во фантастичниот свет на ползење по зандани, разни братства одат на походи, рации и истражување на зандани. Многумина се надеваат дека ќе го пронајдат таинственото Златно Кралство, кое, како што велат, е сопственост на одредена одвоена зандана. Приказната започнува со група од шест авантуристи, предводени од Лаиос Тоден, кои се обидуваат да убијат црвен змеј; меѓутоа, тие се принудени да побегнат, оставајќи ја сестрата на водачот на групата, волшебничката Фалин, во стомакот на змејот. По овој неуспех, двајца членови на групата заминуваат за да се приклучат на друга група авантуристи. Од првобитната екипа останале само водачот на групата и мечувалец Лаиос, получовечето (англ. halfling) и специјалистот по брави Чилчак Тимс и волшебничката полувиленица Марсил Донато.

Чувствувајќи се должни кон нивната блиска соборничка Фалин, која користела волшепство за да ја телепортира групата на безбедно, остатокот од групата води расправа, чија тема е да се вратат на нивото на занданата со змејот навреме, за да ја спасат Фалин пред месецот каде завршува циклусот на варење на храната на змејот. Како и во Advanced Dungeons & Dragons, членовите на групата мораат да ги земат предвид трошоците за оружја, оклоп, плата за вработување на нови членови и трошоци за храна.

Со оглед на тоа што повеќето од нивните залихи останале во занданата, нивната мисија изгледа невозможна додека Лаиос не предложи да си обезбедат залихи со наоѓање храна во занданата. Лаиос долго време тајно сакал да ги испроба чудовиштата од занданите и им покажува на Чилчак и Марсил готварска книга за приготвување на чудовишна храна во обид да ги убеди да го прифатат неговиот план. Тие неволно се согласуваат и се враќаат во занданата. Првото ниво на занданата е исполнето со авантуристи и наликува на трговиште; токму тука групата се среќава и го прима џуџето Сенши, кое има десетгодишно искуство во обезбедување на залихи во занданата преку готвење чудовишта и прибирање на храна.

Заплетот потоа го опишува нивниот пат низ занданата, околината, стапиците и чудовиштата со кои се среќава групата и оброците што ги готват од чудовиштата. Комичниот дел се постигнува преку опис на предностите и недостатоците на овие јадења, како и реакциите на ликовите кон овие јадења.

Наводи

уреди
  1. Stimson, Eric (January 19, 2015). „Learn How to Cook Classic Dungeon Monsters in New Manga“. Anime News Network. Архивирано од изворникот December 2, 2015. Посетено на December 12, 2015.
  2. „Yen Press Adds Delicious in Dungeon & No Game No Life, Desu! Manga, your name. Manga & Novels“. Anime News Network. October 29, 2016. Архивирано од изворникот October 30, 2016. Посетено на October 29, 2016.
  3. Mateo, Alex (August 9, 2022). „Delicious in Dungeon Manga Gets TV Anime by Studio Trigger“. Anime News Network. Архивирано од изворникот August 9, 2022. Посетено на August 9, 2022.

Надворешни врски

уреди