Мовести животни

(Пренасочено од Bryozoa)
Мовести животни
Слатководно мовесто животно
Научна класификација
Царство: Животни
Натколено: Лофотрохозоа
Колено: Bryozoa
Класи

Stenolaemata
Gymnolaemata
Phylactolaemata

Мовести животни е заедничко име за два типа (Endoprocta и Ectoprocta) на мали и едноставни водни животни кои се хранат со помош на круна од пипала наречена лофофор и кои обично формираат прикрепени, мовести колонии. Класификацијата на овие два типа варирала во зависност од промената во мислењата за врската на мовестите животни со другите типови на животни. Авторите кои мислат дека двете групи имаат близок заеднички предок го задржуваат името Bryozoa и ги третираат ендопроктите (мовести животни кај кои устата и аналниот отвор се наоѓаат во лофофорот) и ектопроктите (мовести животни каде анусот е надвор од лофофорот) како класи. Други го користат терминот бриозои само за ектопроктите.

Ендопроктите, кои се морски форми со исклучок на еден слатководен вид, имаат глобуларно тело кое е потпрено на дршка. Лофофорот ги обиколува и устата и анусот. Се размножуваат полово и бесполово, често формирајќи колонии на поврзани единки. Кај ектопроктите, кои се воглавно морски, лофофорот не го обиколува анусот. Колониите кои ектопроктите ги формираат по пат на бесполово размножуавње се со различна структура, и секој член обично има цврста заштитна покривка.

Општи својства

уреди

Ендопроктите и ектопроктите се ситни, често микроскопски животни кои ретко достигнуваат повеќе од 1 mm во должина. Повеќето видови живеат во плитки води, иако некои се забележани и на длабочини од 5,500 m. Многу видови се хермафродити.