Боливуд

(Пренасочено од Bollywood)

Боливуд (англиски: Bollywood)— неформален поим кој се употребува во филмската индустрија на хинди јазикот, основана во Мумбаи (поранешен Бомбај), Махараштра, Индија. Терминот многу често неправилно се употребува за посочување на целата индиска кинематографија; тоа е само дел од целокупната индиска филмска индустрија, која вклучува и други продукциски центри кои прават филмови на регионалните јазици. Боливуд е најголемиот производител на филмови во Индија и еден од најголемите филмски центри во светски рамки. Формално, под Боливуд се мисли на Хинди кинематографијата. Расте бројот на индиско-англиски дијалози и песни. Многу често се среќаваат филмови каде дијалозите се на англиски јазик (се нарекува и Хинглиски), па дури и фразите и цели реченици. Етимологија

Името „Боливуд“ се добива од Бомбај (поранешен назив за Мумбаи) и Холивуд, центарот на американската кинематографија. Сепак, за разлика од Холивуд, Боливуд не постои како физичко место, го нема на карта. Иако сите го сожалуваат името, велејќи дека е посиромашниот роднина на Холивуд, сепак истото име се наоѓа и во речникот на Оксфорд. Името „Боливуд“ е инспирирано од „Толивуд“ , име употребувано за да се означи кинематографијата на Западен Бенгал. Датирајќи од 1932 година, Толивуд е првото име инспирирано од Холивуд за означување на Бенгалската филмска индустрија, сместена во Толигунг, Калкута, чие име потсетува на Холивуд, а во тоа време бил центар на индиската кинематографија. Името Толивуд продолжува да се користи како прекар за бенгалската филмска индустрија од страна на Јуниор Статесман магазинот, по што предизвика и другите индустрии да применуваат вакви имиња со слично звучење, што доведе до терминот „Боливуд“. Во денешно време, Толивуд се применува за посочување на Телугу филмската индустрија во Андра Прадеш. Самиот терин Боливуд своите корени ги влече од 70-те години кога Индија ја престигна Америка како најголем кинематографски центар. Многу луѓе се спомуваат за заслужни за името, меѓу кои и текстописецот, режисер и учител Амит Кана, како и новинарот Бевинда Колако.

Историјат

уреди

“Раџа Харишчандра” (1913) од Дасаеб Фалке е првиот нем филм снимен во Индија. До 30-те години, филмската индустрија прави по повеќе и од двесте филмови годишно. Првиот звучен филм, Алапм Ара (1931), е голем финансиски успех. Набрзо, Боливуд и останатите филмски индустрии почнуваат да снимаат звучни филмови. Во 1937, Ардешир Ирани, од славата на Алам Ара , го направи и првиот филм во боја на Хинди, Кисан Канја . Следната година, нарпави и уште еден филм во боја, некаква верзија на Мајка Индија. Сепак, колор филмовите не стануваат популарни сè до 50-те години. До тогаш, романтичните мјузикли и мелодрами беа најпопуларни во киносалите.

Златната ера

уреди

По осамостојувањето на Индија, периодот помеѓу 40-те и 60-те години се смета за златната ера на хинди кинематографијата. Некои од најдобро оценетите филмови во историјата на Индија се создадени токму во тој период. Тука се филмовите на “Гуру Дут “ “Пјаса” (1957) и “Кагаз ке Фол “ (1959) и филмовите на Раџ Капор , “Авара” (1951) и “Shree 420” (1955). Овие филмови најчесто говорат за урбаниот живот на работничката класа во Индија; Авара го претставува градот како кошмар, но и како сон, додека Пјаса ја критикува нереалноста на градскиот живот. Некои од најпознатите епски филмови се направени во тој период,исто така, како на пример,”Мајка Индија” на Мехбоб Кан (1957), кој е номиниран и за Оскар за најдобар странски филм и “Мугал-е-Азам” на К.Асиф (1960) “Мадхуматиi” (1958), режиран од Бимал Рој и напишан од Ритвик Гатак , ја популаризира темата за реинкарнација во западната поп-култура. Други познати режисери од тоа време се Камал Амрои и Виџеј Бат . Познати глумци и глумици од тоа време се: Дев Андад , Дилип Кумар, Рај Капор и Гуру Дут, Наргис, Виџејантимала, Мена Кумари, Нутан , Матхубала, Ваеда Реман и Мала Шина. Додека комерцијалната хинди кинематографија е успешна, во 50-те години се појавува и ново движење за паралелна кинематографија. Иако ова движење во голем дел го спроведува бенгалската кинематографија, тоа се пробива и во хинди кинематографијата. Првите примери за хинди филмови од ова движење се “Neecha Nagar” на Четан Ананд (1946)http://en.wikipedia.org/wiki/Bollywood - cite_note-Hindu-22 и “Do Bigha Zamin” (1953) на Бимал Рој . Позитивната критика и подоцнежниот комерцијален успех, ги отвора портите за индискиот неореализам и Новиот индиски бран. Некои од попознатите светски признати хинди режисери се: Мани Каул ,Кумар Шани ,Кетан Мета ,Говинд Ниалани ,Сјам Бенегал и Виџаја Мета Откако социјал реалистичкиот филм “Neecha Nagar” ја доби Гран При наградата на Канскот филмски фестивал, хинди филмовите во 50-те и 60-те години секогаш се меѓу конкурентите за првата награда на Канскиот филмски фестивал, каде некои дури и ги освојуваат истите. Гуру Дут се смета за еден од најдобрите режисери од Азија на сите времиња, рамо до рамо со бенгалскиот режисер Сатјаџит Реј. Анкетата на режисери и критичари во изданието на “Sight & Sound” од 2002 година, го рангираат Дут на 73 место на листата на најдобри режисери на светот. Некои од неговите филмови се сметаат за едни од најдобрите на сите времиња, каде “Pyaasa” (1957) е дел од 100-те најдобри на магазинот Тајмс, а “Pyaasa” и “ Kaagaz Ke Phool “ (1959) се на 160 место на листата на “Sight & Sound” од 2002 година. И други филмови се наоѓаат на истата листа, меѓу кои и : “Awaara” (1951) на Раџ Капор , “ Baiju Bawra “ (1952) на Виџеј Бат , “Мајка Индија “(1957) на Мехбоб Кан и “Mughel-e-Azam” (1960) на K. Аси кои се наоѓаат на место број 346 на истата листа.

Современа кинематографија

уреди

Кон крајот на 60-те и почетокот на 70-те, глумци и глумици како Раџеш Кана, Дармендра, Сањев Кумар и Шаши Капор и глумиците Шармила Тагор, Мумтаз, и Аша Парек, ги имаат главните улоги во романтични филмови и акциони филмови. Во средината на 70-те романтичните филмови беа заменети со тешки, насилни филмови за мафијаши и бандити. Амитаб Бачачан, ѕвездата позната по улогите на „бесен млад човек“, глумеше заедно со глумци како Митун Чакраборти и Анил Капор кои траеја до почетокот на 90-те години. Од глумиците од ова ера најпознати се Хема Малини, Јаџа Бачачан и Река . Некои режисери како Шјам Бенегал продолжија да прават реалистични филмови од паралелната кинематографија во текот на 70-те години, заедно со Мани Каул ,Кумал Шахан , Кетан Мета , Говинд Нихалани и Виџаха Мета . Сепак, „уметничкиот филм“ е на мета на критики за време на истражувањата на Комитетот за јавни работи, каде го обвинуваат дека телото не се ангажира доволно за охрабрување на комерцијални филмови. Оттука, во 70-те години доаѓа до пораст на комерцијалните филмови како што е и “ Sholay” (1975), кој на Амитаб Бачачан му ја зацементира позицијата на главна ѕвезда. Класикот “Jai Santoshi Ma “ излегува во 1975 година. Друг попознат филм од истата година е “ Deewar” во режија на Јаш Копра , а е напишан од Салим Џавид. Еден крими филм за полицаец против својот брат, водач на мафијашка група, базирана на вистинскиот криминалец Хаџи Мастан улога одиграна од страна на Амитаб Бачачан , Дени Бојл го опишува како врвот на индиската кинематографија. Најдобро оценет индиски филм од 89-те години е “Salaam Bombay” (1988) на Мира Наир кој ја доби наградата “Камера Д’Ор” на филмскиот фестивал во Кан во 1988 година и беше ниминиран за Оскар за најдобар странски филм. Кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те, во мода се враќаат романтичните мјузикли, каде најголем успех доживуваат: “Qayamat Se Qayamat Tak” (1988),”Maine Pyar Kiya” (1989), “Hum Aapke Hain Kaun “(1994) и” Dilwale Dulhania Le Jayenge” (1995), каде се појавуваат ѕвезди од новата генерација (како Амир Кан,Салман Кан и Шарук Кан) и глумиците ( Сридеви Мадхури Диксит , Џуи Чавла и Каџол) Во тој период успешни се и акционите филмови и комедиите, каде најпознати глумци се Говинда, Равена Тандон и Карисма Капор, кои се појавуваат во познати комедии, а тука е и каскадерот глумец Акшај Кумар кој се здобива со популарност по изведување на опасни егзибиции во акционите филмови. Оваа декада го означува и појавувањето на нови глумци во артхаус и независни филмови, од кои некои имаа комерцијален успех, а најпознат пример е “Satya ” (1998), во режија на Рам Гопал Варма напишан од Анураг Кашјап. Критичкиот и комерцијален успех на “Satya” доведе до појава на сличен жанр познат како “Mumbai noir,” урбани филмови кои ги посочуваат социјалните проблеми во градот Мумбаи. Ова доведе до повторна појава на Паралелната кинематографија кон крајот на декадата. Во овие филмови најчесто се појавуваат: Нана Паткар, Маноџ Баџпаи, Маниша Корала, Табу и Урмила Метондикар, чии перформанси најесто беа проследени со добра критика. Новиот милениум го виде подемот на популарноста на Боливуд во светски рамки. Ова ја вивна кинематографијата на нови нивоа во смисла на квалитет, кинематографски и иновативни приказни, како и нови технилки предности како специјални ефекти, анимација и сл. Некои од поголемите продуцентски куќи како “Yash Raj Films “ и “Dharma Productions” се создавачи на нови филмови. Отворањето на прекуокеанскиот пазар, поголемиот број на боливудски филмови во странство, доведе до поголем успех во киносалите во Индија и ширум светот на филмови како: “Lagaan” (2001), “Devdas” (2002), “Koi... Mil Gaya” (2003), “Kal Ho Naa Ho “(2003), “Veer-Zaara “(2004), “Rang De Basanti “(2006), “Lage Raho Munnabhai” (2006),” Krrish” (2006), “Dhoom 2” (2006), “Om Shanti Om” (2007), “Chak De India” (2007), “Rab Ne Bana Di Jodi” (2008), “Ghajini” (2008), “3 идиоти “(2009), Моето име е Кан (2010),”Dabangg” (2010) и Валканата слика кои произведоа нов бран на познати глумци како: Аишварија Рај , Преити Зинта, Рани Мукерџи , Карена Капор, Пријанка Чопра и Видја Балан, но и глумците од претходните декади не замреа во нивната популарност. Од комерцијалните филмови, “Lagaan” ја доби наградата од публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Локарно и беше номиниран за 74-те Оскари за Најдобар странски филм, додека Девдас и Ранг де Басантивере беа номинирани за БАФТА наградата за најдобар странски филм. Хинди филмската индустрија претпочита филмови од сите сегменти на живеењето, за секаква публика, а одбива да снима филмови само за одредена група на публика.Се верува дека поширокиот спектар ќе ги зголеми и добивките од кино благајните. Сепак, режисерите се движат кон прифаќање на некаква сегментација на кино благајните, помеѓу филмови кои им се допаѓаат на руралната публика во Индија и оние кои им се допаѓаат на урбаните Индијци и публиката во странство.

Влијанија врз Боливуд

уреди

Гокулсинг и Дисанјаке идентификуваат седум најважни влијанија за оформување на индиската популарна кинематографија

  • °Древните индиски епски Махабхарата и Рамајана кои изразуваат голем влијание за смислата и имагинацијата на индиската популарна кинематографија, особено приказните. Пример за ова влијание се техниките за споредна приказна, приказна од позадина и приказна во приказна. Индиските популарни филмови често имаат залети кои се разгрануваат на други подзаплети, а такви може да се видат во филмовите од 1993 година Калнајак и Гардиш
  • °Древната санскрит драма со високо стилизирана природа со акцент на спектаклот, каде музиката, танцот и гестикулациите се комбинираат со цел да создадат една вибрантна уметничка целина каде танцувањето и мимиките се центарот на драмското искуство.Санскрит драмите се познати како натја, се добиваат од коренот нрит (танцува), карактеризирајќи ги како спектакуларни танцувачки драми кои ја одржаа индиската кинематографија. Теоријата за раса која потекнува уште од древната санскрит драма, се верува дека е самата основа која ја разликува индиската, особено хинди кинематографијата, од онаа во западниот свет.
  • Традиционалниот фолклорен театар на Индија, кој станува познат некаде во десеттиот век по падот на санскрит театарот. Овие регионални традиции ги вклучуваат Јатра од Бенегал, Рамлила од Утар Прадеш, и Терукуту од Тамил Наду .
  • Парси театарот, кој е мешавина на реализам и фантазија, музика и танц, нарација и спектакл, обичен дијалог и генијална сценска презентација, интегрирајќи ги во еден драматичен дискурс на мелодрама. Претставите во Париси се одликувале со биле груб хумор, мелодична музика и песни, сензационализам и воодушевувачка сценографија.
  • Холивуд, каде мјузиклите биле познати од 20-те до 50-те години, иако индиските режисери се разликуваат од американските на повеќе начини. На пример, холивудските мјузикли за дејствие го имале целиот свет на забавата. Додека индиските режисери, додека ги возвишуваат елементите на фантазија кои биле толку популарни во индиските филмови, употребувале музика како природен начин за артикулација во одредена ситуација во нивните филмови. Постои силна индиска традиција на наративна митологија, историја преку музиката и танцот. Згора на тоа, додека холивудските режисери се обидуваат да ја сокријат конструктивната природа на нивните дела со цел да предоминира реалистичната сторија, индиските не се обидувале да го сокријат фактот дека она што се прикажува на екранот е креација, илузија, фикција. Сепак, укажуваат на тоа колку секојдневниот живот на луѓето , на многу комплексни и интересни начини, потсетуваат на оваа креација.

Западната музичка телевизија, особено МТВ кој има големо влијание од 90-те, како што може да се види во брзината, аголот на камерата, деловите каде има играње и музиката во индиските филмови од новиот милениум. Најран пример за овој пристап може да се види во филмот Бомбај (1995) на Мани Ратнам .

Влијанието на Боливуд

уреди

Во 2000-те години, Боливуд започна да влијае на мјузиклите ширум западниот свет, каде играат значајна улога во оживување на жанрот на американските музички филмов. Баз Лурман вели дека неговиот мјузикл Мулен Руж (2001), е директно инспириран од боливудските мјузикли. Филмот е претстава со индиска тема, заснована на древната санскрит дарама “Mṛcchakatika “ и танцување во боливудски стил со песна од филмот Кинеска капија. Критичкиот и финансискиот успех на Мулен Руж го обнови интересот за тогаш подзаборавениот западен музички жанр, а подоцнежните филмови како : “Chicago”,” The Producers”, “Rent”, “Dreamgirls”, “Hairspray”,” Sweeney Todd”,” Across the Universe”, “The Phantom of the Opera”, “Enchanted” и” Mamma Mia !” се режирани, создавајќи една ренесанса на овој жанр. А.Р. Раман , еден индиски композитор, ја направи музиката за филмот” Bombay Dreams”,на Андреј Лојд Вебер и музичката верзија на “Hum Aapke Hain Koun” се играше во лондонскиот Вест енд. Боливудскиот мјузикл “Лаган “(2001) беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм, а филмовите “Девдас ” (2002) и Ранг де Башанти (2006) беа номинирани за БАФТА наградата за најдобар странски филм. Сиромавиот милионер(2008) на Дени Бојл, кој освои четири Златни глобуси и осум оскари, е директно инсипириран од боливудските филмови и се смета дека е омаж на хинди комерцијалната кинематографија. Преку боливудските филмови, темата на реинкарнација се оживува во западната поп култура, каде филм како Мадхумати (1958) го инсипирираше холивудскиот Реинкарнацијата на Петер Проуд (1975) кој пак го инспирира боливудскиот Карц (1980), кој пак го инспирира холивудскиот филм Шансите се (1989). Филмот од 1975 година Чоти се Бат се верува дека го инспирира Хитч (2005), кој пак во обратна насока го инспирира боливудскиот филм Партнер (2007). Влијанието на боливудската филмска музика може да се види и во поп музиката ширум светот. Во 1978, технопоп пионерите Харуоми Хосоно и Рјуичи Сакамото од магичниот жолт оркестар го продуцираа електронскиот албум “Cochin Moon “ врз основа на експериментанлното спојување на електронска музика и индиската музика инспирирана од Боливуд.Хитот на Дево од 1988 "Диско танцувачот " е инспириран од песната "Јас сум диско танцувач " од боливудскиот филм Диско танцувач (1982). Песната "Зависен " од 2002 година, испеана од Вистината боли , продуцирана од диџеј Куик and др Дре , е позајмена од "Тода Решам Лагта Хаи " на Лата Мангешкар од Џјоти (1981). Победничката песна на Греми наградите од 2005 година на “The Black Eyed Peas”, "Don't Phunk with My Heart" е инспирирана од дев боливудски песни од 70-те: "Ye Mera Dil Yaar Ka Diwana" од Дон (1978) и "Ae Nujawan Hai Sub" од Апрад (1972). Двете песни оригинално се компонирани од Калјанџи Ананџи, испеани од Аша Босле http://en.wikipedia.org/wiki/Asha_Bhosle, со настап на танчерката Хелен . Исто така, во 2005 година квартетот Кронос пресними неколку композиции од Р.Д Бурман , со Аша Босле како пејачкаr, во албумот “You've stolen my heart – Songs From R D Burman's Bollywood,” кој е номиниран за Најдобар современ светски музички албум на Греми наградите во 2006 година. Филмската музика компонирана од А.Р. Раман (кој подоцна ќе добие два оскари за насловната песна од филмот сиромавиот милионер ) отсекогаш бил копиран од музичари насекаде ширум светот, меѓу кои и сингапурскиот музичар Кели Пон , узбекистанецот Ирода Дилроз , и француската рап група “La Caution”, потоа американката Сиара и германскиот бенд “Löwenherz”. Многу азиски андерграунд музичари, особено помеѓу оние од индиската дијаспора, се инспирирани од боливудската музика.

Жанровски конвенции

уреди

Види: Masala (филмски жанр) и паралелен филм Боливудските филмови се најчесто мјузикли и од нив се очекува да се состојат од интересна музика во форма на песни и танцување скроено во едно сценарио. Успехот на еден филм најчесто зависи од квалитетот на таквите музички борјки. Навистина, филмската музика најлесно се пушта пред самиот филм и на тој начин помага при зголемување на бројката на публиката. Индиската публика очекува филовите да си ја оправдаат цената, со добра забава што вообичаено се нарекува paisa vasool, (буквално, "за сите пари"). Песни и танцови, љубовни триаголници, комедија, каскадерски трикови се мешаат во тричасовна екстраваганца со одмор меѓу два чина. Се нарекуваат masala филмови, што доаѓа од хинди зборот за зачинета мешавина. Како и masalas, овие филмови се мешавина од акција, комедија, романса и што уште не. Најчесто хероите самите се справуваат со сите непријатели.

Боливудските заплети имаат тенденција да бидат мелодраматични. Многу често се применуваат состојки по формула како што се двајца вљубени и нивните бесни родители, љубовни триаголници, семејни врски, жртвување, корумпирани политичари, киднапери, куртизани со златно срце, изгубени роднини и раздвоени браќа и сестри по лошата волја на судбината, драматични пресврти и интересни случки. Отсекогаш постоеле индиски филмови со поголеми уметнички дострели и пософистицирани приказни, надвор и внатре во боливудската традиција (види Паралелна кинематографија). Скоро секогаш се погазени во кино благајните од филмови кои повеќе им се допаѓаат на публиката. Се менуваат и боливудските правила. Големата индиска дијаспора која живее во државите со англиско говорно подрачје ги туркаат боливудските филмови се поблиску до холивудските модели. Филмскиот критичар Лата Кубчандани вели: " првите наши филмови имаа либерална доза на сцени со секс и бакнување. Чудно, но по осамостојувањето одборот за цензура се појави, а со него и сите останати ограничувања. " Сегашните заплети имаат тенденција да бидат како оние западните каде вљубените играат и пеат по дискотеки, наместо да се фокусираат на претходно договорени бракови. Иако може да се видат овие измени во модерниот Боливуд, традиционалните конзервативни начини на индиската култура продолжуваат да постојат надвор од инсустријата и еден елемент на отпор кон некои од западните влијанија.Некои последни студии во Индија откриваат дека некои луѓе воопшто не се свесни за промената во начинот на Боливудските филмови, кои најчесто се под влијание на глобализацијата. Многумина сметаат дека облеката која ја носат боливудските глумци, е аветнтично индиска.

Глумци и кадар

уреди

Боливуд ангажира луѓе од сите делови на Индија.Привлекува илјадници надежни глумци и глумици, со надеж дека ќе се пробијат во индустријата. Модели и учесници на натпревари за убавина, телевизиски глумци, театарски глумци, па дури и најобични луѓе доаѓаат во Мумбаи со надеж и сон дека ќе им се оствари сонот да станат ѕвезди. Но, исто како и во Холивуд, ретко кој успева во тоа. Со оглед на фактот дека многу од боливудските филмови се снимаат во странство, се вработуваат и многу луѓе од страна. Славата во забавната индустрија е многу променлива, така што и Боливуд не е исклучок. Славата на ѕвездите може брзо да се појави и уште побрзо да исчезне. Режисерите се натпреваруваат да ги ангажираат најпознатите ѕвезди на денешницата, за кои се верува дека ќе го загарантираат успехот на филмот (иако ова верување не секогаш е поддржано од резултатите во кино благајните). На овој начин многу од ѕвездите така ја здобиваат славата, штом станат славни, со тоа што ќе направат повеќе филмови во исто време. Само неколкумина глумци од неиндиско потекло ќе остават некој белег во Боливуд, иако многумина се обиделе. Има и некои исклучоци, меѓу кои и недамнешниот хит филм Ранг де Башанти , каде главната улога ја игра Алис Патен , Англичанка. Кишна, Лаген , и “The Rising: Ballad” на Мангал Паднеј каде исто втака глумат странски глумци. Тука е и Ема Браун Гарет, Австралијка која се појавува во неколку индиски филмови. Во Боливуд постојат многу кланови и многу често роднините и пријателите на луѓе кои работат во филмската индустрија ги добиваат улогите во филмовите или се дел од екипажот. Врските не се гаранција за успешна кариера: конкуренцијата е огромна, па ако изданоците на филмсската индустрија на успеат во кино благајните, нивните кариери ќе пропаднат. Некои од најголемите ѕвезди, како Дармендра,Амитаб Бачачан и Шарук Кан успеаја и покрај тоа што немаа никакви врски во шоу бизнисот. За филмски кланови, види ја Листата на боливудски филмски кланови.

Звук

уреди

Звукот во боливудските филмови ретко се снима на локација (уште се нарекува и синхронизиран звук). Затоа, звукот најчесто се создава целосно во студио, каде глумците ги цитираат нивните реченици додека се појавуваа сликите на екранот во студиото, процес познат како сврзување со звукот или АДР- каде звучните ефекти се додаваат подоцна. Ова создава голем број проблеми, бидејќи звукот во овие филмови се појавува една или две рамки подоцна по гестикулацијата или отворањето на устата. Глумците треба двапати да одглумат; еднаш на самото место, после во студиото— а нивото на емоција на сцената не може баш секогаш да се одглуми по вторпат. Индиските комерцијални филмови се познати по тоа дека им фали амбиентален звук, па постои тишина која е како подлога наместо звуците во позадина и ефектите кои се појавуваат во филмовите со цел да се создаде повоочлива длабочина и средина. Сеприсутноста на АДР во Боливуд почнува да преовладува во 60-те години со пристигнувањето на камерата Arriflex 3 , за која беше потребен капак за да се заштити звукот на камерата, па заради тоа беше непожелна за снимање на локација. Комерцијалните индиски режисери, познати по нивната брзина, никогаш не ја заштитуваа камерата, па претераниот звук ги тераше на повторно одигрување на сцените во студио. Но тоа стана некој стандард во индиските филмови. Трендот се губи по 2001 година по цели триесет години синхронизиран звук, по филмот “Lagaan,” каде продуцентот-актер Амир Кан инсистираше звукот да се сними на самата локација. Ова отвори жестока дебата за примената и економската издржливост на звукот на локација, па оттогаш голем број филмови се снимаат на тој начин.

Боливудски песни и танци

уреди

Боливуската филмска музика се нарекува филми музика (на хинди тоа значи "од филмови"). Песните од филмовите најчесто се снимаат претходно на плејбек од страна на професионални пејачи, каде потоа глумците само ги синхронизираат зборовите со сликите на екранот обично додека танцуваат. Додека во денешно време голем дел од глумците се добри танчери, некои од нив имаат се и добри пејачи. Еден добар исклучок е Кишоре Кумар , кој има играно во голем број филмови во 50-те, каде освен глумец бил и добар плејбек пејач.К.Л Саигал , Сураија, и Нор Џехан беа и глумци и пејачи. Некои глумци во последните триесетина години самите си ги пеат песните, а за листа види Глумци и глумици во индиска кинематографија. Плејбек пејачите го имаат својот удел на почетокот на филмот, дури имаат и свои фанови кои одат на филмовите чисто само да ги слушнат нивните идоли. Ако одиме според квалитетот и кванитетот на песните кои ги испеале најпознати пејачи во Боливуд се: Лата Манџешакар, Аша Босле,Гета Дут,Шамшад Бегум и Алка Јагник помеѓу женските изведувачи; и К.Л Саигал, Талат Махмуд, Мукеш, Мухамед Рафи,Мана Деј, Хемант Кумар, Кишоре Кумар, Кумар Сану, Удит Нарајан и Сону Нигам. помеѓу машките изведувачи. Мухамед Рафи се смета за најдобриот пејач кој некогаш го позајмил својот глас, а по него следи Лата Манџешкар , кој, во текот на неговата шеесет годишна кариера има снимено илјадници песни за индиски филмови. Композиторите на филмска музика, наречени филмски продуценти, се исто така познати. Нивните песни може да вивнат или да уништат филм, а тоа и се случува. Ремиксувањето на филмски песни со модерни битови е сосем вообичаено во денешно време, па продуцентите може да извадат верзии на ремикси од нивните песни од филмовите заедно со албумите на регуларните песни од филмовите. Танцувањето во боливудските филмови особено она поранешното, се сведува на индиски танц: класични стилови на танцување, танцови на историски северно индиски куртизани (tawaif), или фолклорни танцови. Во модерните филмови, индиските танцови елементи најчесто се мешаат со западни стилови на танцување (оние што ги гледаме на МТВ или Бродвеј), иако може да се видат и настапи на западен поп и чиста класика рамо до рамо во еден ист филм. Херојот или хероината настапува најчесто со група на танчери. Многу од танцувачките рутини во индиските филмови може да бидат проследени со брза промена на локација или промена на костими помеѓу стиховите на една песна. Ако херојот и хероината пеат во дует, најчесто има убава сценографија со големи архитектонски изданија. Оваа сценографија се нарекува и "приказ на сликата (picturisation). Песните најчесто и на повеќе начини раскажуваат за акцијата што се одвива во филмот. Понекогаш песната се вметнува во заплетот со цел глумецот да има причина да пее. Поекогаш пак, песната претставува екстернализација на мислите на глумецот, или предвидува настан кој сè уште не се случил. Во тој случај, тој настан најчесто е кога двајца се вљубуваат. Овие песни се нарекуваат и „секвенца на сонот“ па што и да се случи може да се случи и во земјениот живот во стварноста. Порано сцените со песните и танците најчесто се снимаа во Кашмир, но поради политичките немири во Кашмир кон крајот на 80-те, тие сцени најчесто се снимаат во Западна Европа, особено во Швајцарија и Австрија. Боливудските филмови отсекогаш применувале нешто што се нарекува „изведба“. Физички атрактивен женски карактер („женскиот предмет“), најчесто нема врска со главниот заплет во филмот, изведува интересна песна или танц. Во постарите филмови, предметот може да го одигра некоја куртизана која игра за некој богат клиент или како дел од некое кабаре шоу. Глумицата Хелен беше позната по нејзините кабаре изведби. Во модерните филмови, изведбите може да се вметнат како дел од секвенци во дискотеки, танцување на прослави или шоу на подиум. Последните декади боливудските режисери песните од филмовите ги пуштаа на касети или компакт дискови, пред да излезе самиот филм, со надеж дека музиката ќе привлече поголем број а публика. Многу често самата песна е попопуларна од филмот. Во последните неколку години, некои режисери пуштаат и музички спотови, најчесто од песните од филмот. Сепак, некои промотивни спотови не ги вклучуваат и песните кои се дел од филмот.

Дијалози и музички текстови

уреди

Дијалозите најчесто се пишуваат на едноставен Хинди за да може целата популација да ги разбере истите. Сепак, некои од филмовите употребуваат регионални дијалекти со цел да пробудат филмови со селско сценарио, старомодни, историски Урду филмови под влијание на Мугхал ерата. Џјотика Вирди, во нејзината книга Кинематска имагинација, пишува за присуството на Урду во Хинди филмовите: "Урду често се применува во насловите, сценаријата, лириките, јазикот на љубовта, војната и мачеништвото". Понатаму пишува и за падот во текот на годините: "Степенот на примена на Урду во комерцијалните филмови не е баш стабилен... хинди филмовите го отсликуваат падот на Урду... Точно е дека многу Урду зборови преживеаја и станаа дел од популарниот речник на Хинди филмовите. Но само толку, ништо повеќе". Современите филмови многу го користат англискиот јазик. Според пупликата во Боливуд , "Англискиот ја предизвикува идеолошката работа завршена од Урду" Некои сценарија најпрво се пишуваат на латиница. Карактерите се менуваат од еден во друг јазик со цел да прикажат одредена атмосфера (на пример, Англиски во деловно опкружување, а Хинди во секојдневно). Филмскиот јазик, без разлика дали во дијалозите или лириката, најчесто е мелодраматичен и го споменува Господ, семејството, мајката, должноста и саможртвувањето. Песните најчесто се љубовни, особено во старите филмови, употребуваат Урду вокабулар, со многу зборови позајмени од персискиот јазик. Друг извор за музичките љубовни текстови се долагат Хинди традиција на поезијата за љубовта кон Кришна, Радха, и Гопис, како што е прикажано во филмови како Џанак , Џанак Пајал Баје и Лаган. Музичките режисери многу често претпочитаат да работат со одредени текстописци, до тој степен што текстописците и композиторите претставуваат еден тим. Овој феномен се споредува со тимовите на американски композитори и текстописци кои ги создавале старите бродвејски мјузикли.

Финансиски средства

уреди

Боливудските филмови се мултимилионски филмски продукции, каде трошоците достигнуваат и до 20 милиони долари. Последниот научно фантастичен филм “Ra.One” е направен со неверојатен буџет од речиси 27 милиони долари,со што стана најскапиот филм на сите времиња во Боливуд. Сетовите, костимите, специјалните ефекти и кинематографијата не биле баш на ниво сè до крајот на 80-те и почетокот на 90-те, со ретки исклучоци. Како што се зголемува дистрибуцијата на западни филмови и телевизија во Индија, постои и притисок за Боливуд да го достигне истото ниво на продукција, особено во доменот на акцијата и специјалните ефекти. Во поново време боливудските филмови ангажираат меѓународни техничари за подобрување на тие сфери, како на пример “Krrish” (2006) каде акционен кореограф беше Тони Чинг од Хонгконг. Зголемената пристапност до професионалната акција и специјани ефекти, заедно со добриот буџет, направи бум во жанрот на научната фантастика и акцијата. Секвенците снимени надвор од границите ги полнат киносалите, па така екипажите од Мумбаи снимаат во Австралија, Нов Зеланд, Канада, Обедиетот Кралство, САД и низ Европа. Во денешно време индиските продуценти добиваат сè поголеми буџети за филмови снимени и во Индија, како на пример Лаган, Девдасанд и др. Средствата за филмовите најчесто доаѓаат од приватни инвеститори и неколку поголеми студија. На индиските банки и финансиски институции им беше забрането да позајмуваат пари на филмските студија, но сега веќе таа забрана не важи. Бидејќи средствата не се регулираат, некои доаѓаат и од нелегални извори, како на пример мафијашкото подземје од Мумбаи. Познато е дека подземјето е вмешано во продукцијата на повеќе филови и се познати за патронизирање на проминентни филмски карактери; Понекогаш тие употребуваат пари и физичка моќ за да стигнат до некои филмски зделки. Во Јануари 2000, платениот убиец од мафијата во Мумбаи го уби Ракеш Рошан, филмски режисер и татко на ѕвездата Хритик Рошан. Во 2001, ЦИА ги заплени сите копии од филмот” Chori Chori Chupke Chupke” откако се дозна дека во филмот инвестира мумбајското подземје. Друг голем проблем со кој се соочува Боливуд, е пиратеријата. Многу често ДВД коппи од филмовите се достапни дури и пред да излезат самите филмови во кината. Производството на нелегални ДВД, ВХС и ВЦД изданија е веќе добро етаблирана индустрија од мал размер во делови од Јужна Азија и Југоисточна Азија. Федерацијата на Финансиски комори и индустрија на Индија проценува дека индустријата губи по 100 милиони долари годишно поради пиратерија. Освен на домашниот пазар, нелегалните копии имаат голема побарувачка и од дијаспората. (Всушност, нелегалните копии се единствениот начин на кој луѓето од Пакистан можат да гледаат индиски филмови, бидејќи пакистанската влада ја има забрането нивната продажба, дистрибуција и тв-пренос). Филмовите често се пренесуваат без никаков надомест од страна на голем број кабелски оператори во Индија и други делови од Јужна Азија. Малите дуќанчиња чии сопственици се индијци од дијаспората во САК и ОК, редовно продаваат касети и ДВД, со што се зголемува проблемот. Достапноста на нелегални копии на интернет, исто така дава свој придонес за проблемот со пиратеријата. Сателитската ТВ, телевизијата и увезените странски филмови му задаваат маки на домашниот индиски пазар. Во минатото голем број од боливудските филмови заработуваа, но сега тоа е реткост. Сепак, боливудските продуценти прават пари, од многу други извори, меѓу кои продажба на правата. Постои и зголемен обрт од кината во Западна Индија, Обединетото Кралство, , Канада и САД каде Боливуд полека но сигурно се појавува на сцената. Што повеќе индијци имгрираат во овие држави, со тоа создаваат растечки пазар за индиските филмови во подем. Како споредба на финансиските средства за холивудски и боливудски филмови, види го дијаграмот. Покажува продадени билети во 2002 година и вкупниот приход. Боливуд продал 3.6 милијарди билети и заработил вкупно1.3 милијарди долари, додека холивудските филмови продале 2,6 милијарди билети, а заработиле 51 милијарда.

Рекламирање

уреди

Многу индиски уметници заработувале за живот со рачно цртање на постери и билборди за филмови. (Познатиот уметник М.Ф.Хусеин цртал филмски постери во текот на неговата кариера). Така било затоа што човечкиот труд бил многу поевтин отколку печатење и дистрибуција на рекламен материјал. Во денешно време, најголемиот дел од билбордите се направени со компјутерски испечатен винил. Старите рачно изработени постери, порано познати како ефемера, стануваат фолклорна уметност. Пуштањето на филмска музика или музички спот пред самиот филм да излезе, може да се смета за еден вид реклама. Популарноста на една песна с верува дека ја привлекува публиката. Боливудските публицисти го применуваат интернетот како простор за рекламирање. Повеќето од високобуџетните филмови имаат и свои веб страни, каде може да се видат трејлери и информации за приказната, екипажот и сл. Боливуд рекламира и други производи. Рекламирањето на производи, како што е во Холивуд, на широк се применува и во Боливуд. Боливудските ѕвезди се појавуваат во тв и печатени реклами за други производи, како на пример, часовници и сапуни (види заработките на славните). Рекламните компании велат дека со тоа што ќе потпишат со некоја славна личност, тоа им помага во продажбата.

Награди

уреди

Свеченоста за наградите „Филтер“ е еден од најпроминентните филмски настани за Хинди филмови во Индија. Индискиот магазин “Filmfare “ ги започна првите награди „Филмер“ во 1954, каде награди добиваа филмовите од 1953. Церемонијата се нарекувала наградите Клер по уредникот на магазинот. Моделиран според форматот на Академијата за филмска уметност и наука, поединците може да гласаат за различни категории. Во 1956 воведен е систем за двојно гласање. Исто како и Оскарите, Филмфер наградите одат повеќе на комерцијален успех отколку на успех на уметничко ниво. Националните филмски награди, исто како и Филмфер беа воведедни во 1954. Од 1973, индиската Влада го спонзорира настанот, под покровителство на Директоратот за филмски фестивали (ДФФ). ДФФ не снима само боливудски филмови, туку филмови од сите регионални филмски индустрии и независни/уметнички филмови. Овие награди се доделуваат на годишна церемонија пртеседавани од Престедателот на Индија. Со овој систем, наспроти Националните филмски награди, каде гласаат жири назначено од Владата, на Филмфер наградите гласаат публиката и комитетот на експерти. Други церемонии одржувани во Индија се:

  • Скрин Наградите
  • Стардаст Наградите
  • Глобалниот Индиски филм и телевисиски почести

Церемонии кои се одржуваат надвор од Индија се:

оливудските филмски награди – Лонг Ајленд, Њујорк, САД

  • Наградите за Глобален индиски филм – (секоја година различна земја)
  • Наградите на Интернационалната Индиска филмска академија – (секоја година различна земја)
  • Зее Сине наградитеhttp://en.wikipedia.org/wiki/Zee_Cine_Awards-[мртва врска] (секоја година различна земја)

Голем дел од овие церемонии се добри сценски спектакли со пеење, танцување и голем број познати лица. Популарност Освен што е познат кај индиската дијаспора, до далечни места од Нигерија до Египет и Сенегал до Русија, генерација на странски фанови пораснаа со Боливуд во текот на годините, просведочувајќи го меѓукултурниот призив на индиските филмови. Во пследние години од дваесеттиот век и во новиот милениум, Боливуд ја зголеми својата популарност и влезе во потсвеста на западната публика и режисери.