Хеликотерот Bell 206 е развиен по конкурсот на Армијата на САД за лесен набљлудувачки хеликоптер. Иако во првиот обид од страна на Армијата на САД хеликоптерот не е прифатен, се продолжува со негово производство, а првите испораки од 40 хеликоптери се направени за Морнарицата на САД, со варијантата ТН-57 Sea Range, наменети за обука на пилотите. Армијата на САД ја променила одлуката и по купени 1,434 набљудувачки хеликоптери ОН-6, во 1969 година го нарачува хеликоптерот Bell 206 во извидувачка варијанта. Хеликоптерот Bell 206 е еден од најпродаваните хеликоптери во светот, а се произведени повеќе од 8,000 парчиња во воена и во цивилна верзија. Во текот на производството на хеликоптерот се изведени многу модификации.

Bell 206 JetRanger
Bell 206 JetRanger
 
Цело име Bell 206 JetRanger
Тип повеќенаменски хеликоптер
Класа лесен
Сместување еден или два пилота или три или четири патници
Земја на потекло САД
Производител Bell Helicopter Company/Bell Helicopter Textron (САД/Канада), Agusta (Италија), Cardoen Industries (Чиле)
Земји корисници Австрија, Австралија, Бангладеш, Бразил, Брегот на Слоновата Коска, Брунеи, Бугарија, Венецуел,а Грција, Гватемала, Гвајана, Еквадор, Израел, Индонезија, Иран, Италија, Јамајка, Јужна Кореја, Камерун, Колумбија, Кипар, Либија, Малта, Мексико, Мароко, Обединети Арапски Емирати, Оман, Пакистан, Перу, САД, Саудиска Арабија, Словенија, Танзанија, Тајван, Тајланд, Турција, Уганда, Јемен, Хрватска, Чиле, Шведска, Шри Ланка.
Намена првенствено за цивилни потреби, но и за воени потреби во некои држави
Мотори еден турбомлазен мотор Allison-C20J, со сила од 420 кс
Димензии Должина со ротори: 11,92 м

Височина: 2,89 м

Пречник на HP: 10,2 м

Маса Празен: 744 кг

Максимална: 1,452 кг

Корисна: 680 кг

Перформанси Максимална брзина: 225 км/ч

Крстосувачка брзина: 213 км/ч

Максимална височина: 4,023 м

Максимален долет: 694 км

Траење на летот: 4 ч

Вкупно гориво: 344 литри (91 галон)

Опрема стандарна комуникациска и навигациска

Вооружување

уреди

Митралези странично на вратите, торпеда

Варијанти

уреди
  • Model 206A Jet Ranger - прва производна верзија, со турбомлазен мотор 250-C18, со сила од 317 кс
  • Model 206B Jet Ranger II - втора производна верзија, со турбомлазен мотор Allison 250-C20, со сила од 400 кс
  • Model 206B-3 Jet Ranger III - подобрена верзија со турбомлазен мотор Allison 250-C20
  • Model 206 AS - чилеанска морнаричка верзија, вооружена со торпеда
  • TH-67 Creek - верзија од JetRanger III, за основна обука на Армијата на САД, означена и како ТН206
  • TH-57 Sea Ranger - верзија со 206А стандард, за обука во Морнарицата на САД
  • TH-57B Sea Ranger - верзија со 206В стандард, за обука во Морнарицата на САД
  • TH-57C Sea Ranger - верзија со JetRanger III стандард, за обука на Морнарицата на САД