Bell 204/UH-1 Iroquois/Huey
Хеликоптерот Bell/UH-1 е прв хеликоптер од славната Huey (што во превод значи брз) фамилија хеликоптери што се користени одстрана на САД во Виетнамската војна. Првиот лет хеликоптерот го има направено во 1956 година и оттогаш до доцните шеесетти години се направени неколку илјади хеликоптери. Вкупно за потребите на американските вооружени сили се изработени околу 2,500 хеликоптери од овој модел.
Варијанти
уреди- XH-40 - прототип што полетал на 20.10.1956 година
- HU-1A - првична производна верзија за армијата на САД со турбомлазен мотор Lycoming XT53-L-1, со сила од 825 КС и со капацитет од шест седишта. Хеликоптерот го добива прекарот Huey.
- HU-1B - верзија со зголемен капацитет од седум седишта и со променети кракови од носечкиот мотор.
- UH-1A - преименуван од HU-1A во 1962 година.
- UH-1B - преименуван од HU-1B во 1962 година.
- UH-1C - подобрена верзија од UH-1B, со турбомлазен мотор T53-L-11.
- UH-1E - верзија за маринци, со дигалка и двоцевен митралез 7,62 мм.
- TH-1E - двојно командувачки, за тренажа во Маринскиот корпус.
- UH-1F - верзија за ВВ на САД, со саќести лансери и турбомлазен мотор General Electric T-58-GE-3, со сила од 1,290 кс
- TH-1F - верзија за тренажа развиена од UH-1F
- HH-1K - верзија за Морнарицата на САД, со турбомлазен мотор T53-L-13
- UH-1L - повеќенаменска верзија за Морнарицата на САД, со турбомлазен мотор T53-L-13
- TH-1l - тренажна верзија со турбомлазен мотор T53-L-13
- UH-1M - армиска верзија, со сензор за ноќно летање
- AB-204 - италјанска лиценцирана верзија, со избор на мовеќе мотори, вклучувајќи ги тука T53-GE-3, со сила од 1,290 КС, потоа Textron Lycoming T53-L-11 или Rolls-Royce Gnome H.1200, со сила од 1,250 кс
- Hkp 3B - шведска ознака за АВ 205
- AB 204AS - италјанска лиценцирана морнаричка верзија, со турбомлазен мотор Т53-GE-3, со сила од 1,290 кс
- Fuji-Bell 204B-2 - јапонска лиценцирана верзија, исто така поцнат како Hi'yodori
- Huey Tug - UH-1C, со посилен мотор
- RH-2 - верзија за истражување
Вооружување
уредиМитралези на страничните врати или под трупот, како што се: М60 со калибар 7,62 мм или Browing со 12,7 мм, наведувани ракети во саќести лансери, фрлачки на гранати од 40 мм, Mk44 торпедо.
Галерија
уреди-
Роторот на Bell 204/UH-1.
-
Bell Xh-40, прототип на 204/UH-1.
-
Инструменталниот панел на Bell 204/UH-1
-
Скица на хеликоптерот