Avenged Sevenfold
Avenged Sevenfold (уште познати како A7x) е американска рок и хеви метал група, формирана во 1999 година, во Хантингтон Бич, Калифорнија. Стануваат славни со нивниот албум 'City of Evil', издаден во 2005 година, вклучувајќи ги и сингловите: Bat Country, Beast and the Harlot, и Seize the Day. Постигнаа успех и со нивниот албум Avenged Sevenfold, како и песните Almost Easy, Afterlife и Dear God.
Животопис
уредиРани години (1999 - 2004)
уредиГрупата е формирана во 1999 година во Orange County, California од Matt Shadows, Zacky Vengeance, The Rev, и Matt Wendt. Нивниот прв албум, Sounding the Seventh Trumpet беше снимен кога членовите на групата имаа само 18 години и сѐ уште беа во средно училиште. Откако Synyster Gates се приклучи во оваа група, нивниот сингл The end the Rapture беше преснимен, а албумот беше преиздаден преку Hopeless Records во 2002 година. Следниот албум, Walking the Fallen е исто така издаден од Hopeless Records во 2003 година. Кратко време по издавањето на последниот албум, групата се префрли на Warner Bros. Records
City of Evil (2005 - 2007)
уредиCity of Evil, третиот албум на групата, беше сочинет на 8 Јуни, 2005 година. Нивниот успех продолжи со новиот сингл Bat Country, а албумот беше многу добро продаден низ целиот свет. Овој албум е поразличен од претходните два, бидејќи M.Shadows реши да се откаже од врискањето кое беше застапено во Sounding the Seventh Trumpet и Walking the Fallen. Shadows призна дека правел операција на грлото и пробал да го реши проблемот, но дека тоа не е причина за промената на нивниот стил. Во нивното DVD All Excess, Shadows изјави дека сакале да направат албум каде што ќе има пола пеење, а пола врискање, а потоа еден албум каде воопшто ќе нема врискање, како City of Evil. M.Shadows изјави дека редовно тренирал со професорот по пеење, Ron Anderson, кој работел со некои уметници како Axl Rose, Kylie Minogue, и Chris Cornell.
Avenged Sevenfold (2007)
уредиA7x ја продолжија нивната слава со учеството на Ozzfest турнејата во 2006 година, заедно со познати хард рок и хеви метал изведувачи, како DragonForce, Lacuna Coil, Hatebreed, Disturbed, и System of a Down. Истата година ја започнаа "worldwide" турнејата, во САД, Англија, Европа, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд. После тоа го најавија својот албум Avenged Sevenfold. Shadows изјави дека тоа нема да биде некакво продолжение на City of Evil, ниту пак Walking the Fallen, туку дека ќе има по нешто и од двата албума и дека ќе биде изненадување. Нивното DVD All Excess беше издадено на 17 јули 2007 година. Ова DVD претставува документарна емисија за целата кариера на Avenged Sevenfold од почетокот - 1999 година, па сè до сега, како и видео спотови и правењето на видеото за Seize the Day. Албумот Avenged Sevenfold беше реализиран на 30 октомври 2007 година и со повеќе од 94,000 продадени промероци. Двете песни, Critical Acclaim и Almost Easy, заедно со нивното видео, беа првите промовирани песни од овој албум. Беше направен и анимиран спот за песната A little piece of Heaven. Нивниот четврти сингл заедно со спотот Afterlife беа реализирани во јануари 2008 година. И последниот сингл од албумот Avenged Sevenfold беше Dear God кој е во кантри рок стил.
2008 година
уредиВо 2008 година, A7x беа на турнеја заедно со Atreyu, Bullet for My Valentine, Blessthefall и Idiot Pilot. Гитаристот на групата, Zacky Vengeance потврди во едно интервју дека наскоро ќе ја препеат песната на гигантот Iron Maiden, Flash of the Blade. Avenged Sevenfold ја добија Kerrang! наградата за "Албум на годината" од списанието Kerrang!. Тогаш M.Shadows изјави за обожавателите: "Оваа награда, добиена во Велика Британија е голема чест за нас, затоа што Англија речиси стана како наш втор дом. Ова лето беше едно од најдобрите во нашата кариера. Видовме толку наши обожаватели од толку малку земји, и сите вие допревте до нас. Многу сме горди на љубовта која обожавателите во Велика Британија ни ја даваат. И многу не радува фактот што многу од вас тука ја слушаат нашата музика. Ви благодариме од дното на нашите срца."
Нивното последно издание, Live in the LBC & Diamonds in the Rough, беше издадено на 16 септември, 2008 година.
Музички одлики
уредиИмето на бендот се однесува на "Книгата на потеклото" од Библијата, особено кога на Каин му е пресудено да живее во прогонство поради тоа што го убил својот брат. Бог рекол дека никој не смее да го убие за сметка на неговиот грев (човекот којшто ќе се осмели да го убие, ќе биде мачен седум пати по ред). Кратенката А7x е добиена од Zacky Vengeance, односно, A е за Avenged, а 7x за Sevenfold. Насловот на песната Chaper Four се однесува на четвртото поглавје од книгата "The Book of Genesis", во која се јавуваат Каин и Абел, а исто и приказната се наоѓа во оваа песна. Тука се и другите песни, како Beast and the Harlot, The Wicked End, кои се однесуваат на Библијата, на Адам и Ева и слично. Меѓутоа и покрај ова, Шадоус изјави дека тие не се религиозен бенд и дека на никој начин не ја наметнуваат религијата, ниту пак политиката.
Лого
уредиЛогото на бендот е познато како "Deathbat". Создаден е од пријател на бендот, Micah Montague, виден во првото DVD All Excess. А исто така Cameron Rackam направи повеќе делови од логоата на албумите на бендот. Логото "Deathbat" се појави на повеќе видеа, како Bat Country, Almost Easy и Critical Acclaim.
Жанр
уреди„Avenged Sevenfold“ на Ризницата ? |