Agusta/Bell AB.102
Во лиценцираното производство на хеликоптерот Agusta/Bell-47, компанијата Agusta се здобило со потребно искуство за да започне со развој на хеликоптерот AB.102, при што се користени механички компоненти и мотор од стар хеликоптер Bell Model 48, за кој е дизајниран нов труп со капацитет за два пилота и осум патника. Првиот прототип на хеликоптерот AB.102 полетал на 03.02.1959 година, а на Париската воздухопловна изложба во 1959 година е претставен на меѓународната јавност, обоен со маскирни бои. Хеликоптерот е, пред се, дизајниран за цивилен пазар и е продаден на неколку комерцијални компании, а во пролетта 1961 година со него се одржувани летови помеѓу Неапол и Милано.
Основни податоци
- Тип: транспортен хеликоптер
- Класа: лесен
- Сместување: два пилоти и осум патници
- Земја на потекло: Италија
- Производител: Agusta (Италија)
- Статус: прв лет на 03.02.1959 година
- Земји корисници: Италија
Техничкотактички податоци
- Намена: за цивилен превоз на луѓе и товари
- Мотори: еден клипен мотор Pratt & Whitney R-1340, со сила од 600 кс
- Димензии:
- Должина со ротори: 17,92 м
- Височина: 3,23 м
- Пречник на HP: 14,50 м
- Тежини:
- Максимална: 3,025 кг
- Корисна: 1,810 кг
- Перформанси:
- Максимална брзина: 177 км/ч
- Крстосувачка брзина: 160 км/ч
- Максимална височина: 3,900 м
- Максимален долет: 400 км
- Опрема: стандарна комуникациска и навигациска