Компанијата Agusta лиценцирано го произведува хеликоптерот AB 206, инаку производ на американската компанија Bell, пред сè за пазарот во Италија, односно за нејзините воени и за цивилни потреби. Во хеликоптерот е вграден турбомлазен мотор Allison 250 C20 R4 и хеликоптерот може да понесе пет патници.

Agusta/Bell AB-206
Agusta/Bell TH-57C на американската морнарица.
 
Цело име Agusta/Bell AB 206
Тип повеќенаменски хеликоптер
Класа лесен
Сместување еден пилот и пет патници
Земја на потекло Италија/САД
Производител Bell Helicopter Textron (САД)/Agusta Aerospace Corporation (Италија)
Намена за цивилна и воена употреба, главно за превоз
Мотори еден турбомлазен мотор Allison 250 C20 R4, со сила од 450 кс
Димензии Должина со ротори: 11,90 м

Височина: 2,90 м

Пречник на НР: 10,20 м

Маса Празен: 738 кг

Максимална: 1,520 кг

Корисна: 714 кг

Перформанси Максимална брзина: 226 км/ч

Крстосувачка брзина: 213 км/ч

Макс. V во кач.: 390 м/мин

Максимална височина: 4,115 м

Максимален долет: 630 км

Траење на летот: 4 ч

Опрема стандарна комуникациска и навигациска