„Пуин“ е бренд на конзервирана храна од зеленчук и печурки која ја произведува „фабриката за конзервирана храна Астрахањ“ и нејзината матична компанија „Руска фабрика за конзервирана храна“ (Russkiy Konservniy Kombinat). Официјалното име на марката е „Пуин“, но логото го разделува мечот во форма на Т (симбол на КГБ) и остава впечаток дека марката е ПуТин, слично на името на рускиот претседател Владимир Путин. Логото е ставено на позадина на двоглав орел многу сличен, но не е ист со грбот на Русија. Официјалното лого е направено во 2007 година за да се натпреварува со украинскиот бренд Верес, кој во моментов зема приближно 70% удел од целата конзервирана храна која се продава во руските супермаркети. Според сопствениците на трговската марка логото ја зголемило нивната продажба за 35-40%.[1][2]

Наводи

уреди
  1. Владимир Путин рекламирует овощные консервы
  2. „Как зарабатывают на Путине?“. Архивирано од изворникот на 2014-03-10. Посетено на 2021-02-21.