Венчавка на годината (филм)

Филмот “Венчавка на годината“ (од анг. „The Big Wedding“), а претходно бил познат само под името „Венчавка“ е претстојна комедија во режија на Џастин Закхам. Филмот претставува римејк на оригиналниот француски филм „Мојот брат се жени“ од 2006 година, чиишто сценаристи се Жан-Стефан Брон и Карин Сидан. Во овој филм настапува глумечката екипа којашто ја сочинуваат Роберт Де Ниро, Кетрин Хегел, Дијана Китон, Аманда Сејфрид, Тофер Грејс, Бен Барнс, Сузан Сарандон и Робин Вилијамс. Премиерата треба да се одржи на 26 април 2013 година во дистрибуција на „Lionsgate“ во Соединетите Американски Држави и Канада.

„Венчавка на годината“
РежисерЏастин Закхам
ПродуцентЏастин Закхам
Ентони Кетагас
Клеј Пекорин
Ричард Салваторе
Хери Џеј Јуфленд
Главни улогиРоберт Де Ниро
Дијана Китон
Бен Барнс
Кетрин Хегел
Аманда Сејфрид
Тофер Грејс
Сузан Сарандон
Робин Вилијамс
МузикаНејтан Бар
КинематографијаЏонатан Браун
МонтажаЏон Корн
Студио„Two Ton Films“
„Millennium Films“
Дистрибутер„Lionsgate“
Премиерааприл 26 2013 (2013-04-26)
Времетраење89 минути
ЗемјаСоединети Американски Држави
Јазиканглиски
Буџет35 милиони американски долари
Бруто заработка16 356 000 американски долари

Филмот “Венчавка на годината“ (од анг. „The Big Wedding“) се фокусира на Дон (Де Ниро) и Ели (Китон), во улога на разведен пар, коишто треба да се преправаат дека се среќно венчани на венчавката на нивниот посвоен син (Барнс). Биолошката мајка на нивниот син, којашто исто така ќе присуствува на венчавката, е една Католичка од Колумбија. Таа не знае дека посвоителите не нејзиниот син се развеле.

Во присуство на фамилијата и сите пријатели, нивната измама незапирливо прераснува во вознемирувачка и непријатна смешна приказна за врската којашто се испреплетува.

Глумечка екипа

уреди
  • Роберт Де Ниро во улога на Дон Грифин
  • Дијана Китон во улога на Ели Грифин
  • Бен Барнс во улога на Алехандро Грифин
  • Кетрин Хегел во улога на Лајла Грифин
  • Аманда Сејфрид во улога на Миси О’Конор
  • Тофер Грејс во улога на Џеред Грифин
  • Сузан Сарандон во улога на Беб МекБрајд
  • Робин Вилијамс во улога на Отец Монајхан