Шума е слика од сликарот Пол Сезан работена во маслена техника на платно, изработена е помеѓу 1902 и 1904 година.

Шума
Творец Пол Сезан
Година 1902–1904
Димензии 81.4 см × 66 см
Место Национална галерија на Канада, Ottawa


Таа ја претставува шумата во близина до Екс ан Прованс.

Ги содржи сите карактеристични сликарски постапки на Сезан - структура со геометризам, колоризам кој ги обликува предметите не конкретно туку со одреден концепт кој го наговестува кубистичкиот правец[1].


Денес сликата е во колекцијата на Национална галерија на Канада.

Наводи уреди

  1. „Forest“. Архивирано од изворникот на 2020-09-21. Посетено на 2020-10-15.