Шотакон (јапонски: ショタコン) — жанр во манга и аниме што прикажува романтични и сексуални врски што вклучуваат млади момчиња.[1] Условно е поделен на шотакон и стрејт-шотакон (хомосексуални и хетеросексуални врски, соодветно). Во споредба со лоликонот, тој е помалку популарен.[2]

Корицата на првиот том на Shonen Ai no Bigaku, една од најпопуларните шотакон-манги

Во некои приказни, младиот машки лик (често наречен „шота“) е поврзан со постар машки лик. Во делата наменети за женските читатели, ова често има хомоеротични теми, вообичаени во жанровите „јаои“. Повремено, делата насочени кон мажите ги вклучуваат овие двојки, како Boku no Pico. Кога ликот шота е поврзан со женско лице, се нарекува „стрејт-шотакон“, а ако е поврзан со постара жена, познат е како „онешотакон“ — мешавина од „онесан“ (што значи постара сестра) и „шотакон“.[3] Понекогаш, поимот се однесува на младинци или возрасни ликови што изгледаат младешки. Поимот „шота“ потекнува од ликот Шотаро во мангата Tetsujin 28-go.

Еквивалентен поим за привлечност кон млади женски ликови е „лоликон“.

Историја

уреди

Поимот „шотакон“ доаѓа од изразот „комплекс Шотаро“ (јап. 正太郎コンプレックス).[4] Шотаро е млад лик од мангата Tetsujin 28-go.[5] Името често се скратува едноставно на шота.

Во 2008 г., поради бројни скандали со корисниците, администрацијата „LiveJournal“, платформа за објавување семрежни дневници (блогови), вовела нови правила според кои цртежите, вклучувајќи ги шотакон и лоликон, повеќе не се сметале за детска порнографија.[6]

Наводи

уреди
  1. Brenner, Robin E. Understanding manga and anime. — С. 82.
  2. Clements J., McCarthy H. The Anime Encyclopedia: A Guide to Japanese Animation Since 1917 (англ.). — Revised and Expanded Edition. — Berkeley, CA: Stone Bridge Press, 2006. — P. 31. — ISBN 978-1933330105.
  3. Kimi, Rito (2021). The History of Hentai Manga: An Expressionist Examination of Eromanga. FAKKU. стр. 242. ISBN 978-1-63442-253-6.
  4. „Архивированная копия“. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на 2010-01-02.CS1-одржување: неподобна URL (link)„Архивированная копия“. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на 2010-01-02. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  5. Thompson J. Manga: The Complete Guide. — New York: Del Rey Books, 2007. — P. 501. — 556 p. — ISBN 978-0-345-48590-8.
  6. Николаева, Злата. (2008-06-16). „LiveJournal смягчил меры против педофилов“. Вебпланета. Архивирано од изворникот на 2012-07-16. Посетено на 2009-10-10.

Надворешни врски

уреди