Шкода рапид (2011)
Шкода рапид (чешки: Škoda Rapid) – автомобил што го произведува чешката фабрика за автомобили Шкода само за индискиот пазар. Се произведува од 2011 до денес.
Произведувач | Шкода Индија |
---|---|
Производство | 2011–до денес |
Склопување | Пуна, Индија |
Класа | Поткомпактен автомобил (Б) |
Вид каросерија | 4 врати седан |
Распоред | мотор напред, погон напред |
Платформа | Платформа А05+(PQ25) на групата Фолксваген |
Мотор | 1,6 L четирицилиндричен бензински 1,5 L четирицилиндричен дизел |
Пренос | 5-степенски мануелен 7-степенски автоматски DSG |
Меѓуоскино раст. | 2552 mm |
Должина | 4413 mm |
Ширина | 1699 mm |
Висина | 1466 mm |
Сродни | Шкода фабија Фолксваген венто (2013) Фолксваген поло |
Историјат
уредиШкода рапид е семеен автомобил од нижата средна класа што го произведува Шкода Индија, исклучиво за индискиот пазар. Првпат бил прикажан во јавност во октомври 2011 година, а почнал да се продава во ноември истата година Рапид се заснова на платформата PQ25 на групацијата Фолксваген. Заснован е моделот Фолксваген венто изработен во Индија. Многу е сличен на венто, се разликува по предната маска, фаровите, браниците, задните светла и ситни детали во ентериерот и екстериерот. Рапид за индискиот пазар се произведува во градот Пуна.[1]
Според димензиите е позициониран меѓу фабијата и октавијата. Конструиран е на продолжена платформа од моделите фабија и поло. Неговиот дизајн дава изглед на лимузина, но тоа е компакт со пет врати (лифтбек), кој обезбедува капацитет на багажникот од 550 литри.[2] Рапидот ги дели основните елементи на каросеријата и дизајнот на ентериерот со Сеат толедо од четвртата генерација и двата се склопуваат во истата фабрика на Шкода во Млада Болеслав.[3]
И покрај тоа што го дели името со Шкода рапид кој е лансиран во 2012 година за меѓународниот пазар, овие два модели се разликуваат. Меѓународната верзија е поинаков автомобил, незначително поголем, со поинаква надворешност, нов ентериер и различни опции за моторот. Името претходно било користено за модел од 1935 година, како и за моделот од 1984 година.
Мотори
уредиМодел | Зафатнина | Цилиндри/ вентили |
kW/КС | Менувачи | Напомена |
---|---|---|---|---|---|
Бензин | |||||
1,6 MPI | 1598 cm³ l4 | 4/16 | 77 kW / 105 КС | 5-степен мануелен, 6-степен автоматски | |
Дизел | |||||
1,6 TDI | 1598 cm³ l4 | 4/16 | 77 kW / 105 КС | 5-степен мануелен |
Наводи
уреди- ↑ „Шкода Рапид“ (англиски). sify.com/finance. Архивирано од изворникот на 2011-11-28.
- ↑ „Шкода рапид спејсбек“ (српски). b92.net/automobili.
- ↑ „Новото толедо се произведува во Болеслав“ (чешки). auto.cz.
Надворешни врски
уреди„Шкода рапид (2011)“ на Ризницата ? |
- Škoda Rapid Архивирано на 18 октомври 2019 г. – Škoda India
- Review Архивирано на 1 јули 2016 г. – Top Gear Magazine
- Autocar Архивирано на 7 јуни 2017 г. – Autocar India