Шема на распаѓање
Шемата на распаѓање на радиоактивна супстанција е графичко претставување на сите транзиции кои се случуваат во распаѓање, и на нивните врски.
Овие врски може да бидат прилично сложени; тука е прикажан прост случај: шемата на распаѓање на радиоактивниот елемент кобалт-60.
Корисно е да си ја замислуваме шемата како да е сместена во координатен систем, каде што ординатната оска е енергијата, растејќи оддолу нагоре, и апцисната оска како бројот на протони, растејќи од лево кон десно. Стрелките ги означуваат емитираните честички. За гама-зраците, дадени се гама енергиите; за бета распаѓањето, максималната бета енергија.
Никелот е десно од кобалтот, со оглед на тоа што неговиот број на протони (28) е за еден поголем од оној на кобалтот (27). Во бета распаѓањето, бројот на протони се зголемува за еден. За позитронско распаѓање, стрелката би била од десно кон лево со оглед на тоа што во овој случај, бројот на протони се намалува за еден.
Со оглед на тоа што енергијата е запазена, стрелките може да одат само надолу (вертикално, или под агол).