Шашави цртани: Пак во акција
Шашави цртани: Пак во акција (англиски: Looney Tunes: Back in Action) - американски анимиран филм од 2003 година.
Содржина
уредиНа Паторот Дафи му здосадува вниманието што му се посветува на Душко Долгоушко, па се откажува од Холивуд, се здружува со отпуштениот каскадер Дамјан Дрејк и оди на авантура низ светот за да ги најдат таткото на Дамјан и синиот дијамант.
На Паторот Дафи му здосадува вниманието што му се посветува на Душко Долгоушко, па се откажува од Холивуд, се здружува со скоро отпуштениот каскадер Дамјан Дрејк Јуниор (Брендан Фрејзер) и заедно со Душко Долгоушко и со потпретседателката на „Ворнер Брос“ (Џена Елфман) оди на авантура низ светот. Која е нивната мисија? Да ги најдат таткото на Дамјан и исчезнатиот син дијамант... и да останат еден чекор пред корпорацијата „Акме“, која го сака дијамантот за свои цели.[1]