Шарец — македонски митски шарен коњ во епските народни песни за Марко Крале, со необично потекло и особини. Според народните преданија, тој него го добил од самовилите или го купил од кираџиите како грбаво ждребе. Претставен и со многу човечки особини: зборува (дури и турски), пие вино, плаче со солзи и сл. Тој ја предосетува и смртта на својот господар[1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јуначки народни песни. Избор и редакција д-р Кирил Пенушлиски, Скопје, 1968