Чуда во природата

Чуда во природата

уреди

Големиот Кањон

уреди
 
Големиот Кањон

Едно од најпознатите светски чуда во природата е Големиот Кањон во Америка. Овој голем расцеп во површината на земјата е долг околу 446 километри, широке од 6 до 29 километри и е длабок 1,6 километри. Кањонот е создаван од вода во текот на милиони години како што реката Колорадо го расчистувала својот пат низ земјиштето. Првите белци што го виделе биле шпанските истражувачи во 1540 г. Но, кањонот бил темелно истражен дури по 300 години, кога мајорот Џон Пауел низ опасните брзаци повел тим со чамци на веслање. И дури во 1971 г., кога сателитите во вселената почнале да го фотографираат пределот, реката била точно означена на географска карта. Целиот кањон е вчудовидувачки убав, а локалните Индијанци Хопи го нарекуваат Порта на рајот.

 
Гигантски Козвеј

Гигантскиот Козвеј

уреди

Гигантскиот Козвеј на брегот во Ентрим во Северна Ирска се состои од илјадници столбови од карпи. Главно во форма на неправилни шестаголници, столбовите достигнуваат максимална висина од 6 метри и пречник од 50 сантиметри. Издигнатиот пат преку влажното земјиште се простира покрај брегот во должина од 5 километри, а е создаден со ладење и со собирање на лавата пред милион години.

 
Анхелов водопад

Гујанските Планини

уреди

На Гујанските Планини во Венецуела се наоѓа едно од најспектакуларните светски чуда: Анхеловиот Водопад. Со височина од 979 метри, тој е највисокиот водопад на светот.

 
Аврора во Националниот парк Абиску во Шведска

Аврора

уреди

Необична светлина може да се види во близината на Северниот и на Јужниот Пол. Светлината на северот се нарекува Северна светлина ( аврора бореалис ), а на југот Јужната светлина ( аврора аустралис ). Причина за нивното јавување е електричното празнење кога Сонцето влегува во магнетното поле на Земјата.

 
Карпата Ејерс

Карпата Ејерс

уреди

Карпата Ејерс е еден огромен камен во внатрешноста на Австралија во близината на градот Алис Спрингс. Голем е 9,6 километри околу основата и го викаат „најголемиот мазен камен на светот“. Карпата Ејерс ја открил Англичанецот В.Гос, во 1873 г., а името го добила по премиерот на Австралија, Хенри Ејерс. Тоа е карпа создадена од црвен песочник и личи посветло црвено на изгрејсонце, а пурпурно на зајдисонце. Бојата често се менува во сите нијанси на портокалово и на црвено.

Користена литература

уреди

„500 нови чудесни вистини“- Топер

Наводи

уреди
  Оваа статија е дел од ВикиПроектот ОХВП, кој има за цел да ги координира активностите на учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид во создавањето и одржувањето на содржини на Википедија. Ако сакате да земете учество во проектот, може да ја уредите оваа статија, или да прочитате нешто повеќе на страницата на проектот, каде што меѓу другото може да се приклучите на проектниот тим и/или да дадете свој придонес на страницата за разговор.