Четири пријатели онлајн!

„Четири пријатели онлајн!“ (италијански: 4 amici online!) — книга за деца на италијанската писателка Каролина Каприја, илустрирана од Матео Пјана, објавена во 2011 година.

Содржина уреди

Книгата се состои од 14 глави во кои се опишуваат животните случки на четири деца: Еуџенио, Марко Елизабета и Џанлука. Еуџениот не е омаилен во училиштето, Марко е здодевен, Елизабета е извештачена, а Џанлука е неподнослив мрморко. Во секојдневниот живот, тие четворица не се поднесуваат, а кога ќе се сретнат, настојуваат да се избегнат. Сепак, тие секојдневно комуницираат на интернет, каде секој од нив има свој прекар. Притоа, тие се помагаат и се советуваат.[1]

Изданија на македонски јазик уреди

Во 2015 година, книгата била објавена на македонски јазик од издавачката куќа Арс ламина - публикации, Либи, во рамките на едицијата „Бестселери за деца“. Преводот од италијански јазик го извршила Анета Симовска. Книгата, со димензии од 20 сантиметри, има 192 страници, а била испечатена во „Бранко Гапо - графичко производство“ во тираж од илјада примероци. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-247-271-3.[2]

Наводи уреди

  1. Каролина Каприја, Четири пријатели онлајн!. Арс ламина публикации, Либи, Скопје, 2015.
  2. Каролина Каприја, Четири пријатели онлајн!. Арс ламина публикации, Либи, Скопје, 2015.