Чартирање
Метода на техничка анализа на пазарот, при која со помош на графици се означуваат и предвидуваат трендови во движењето на цените. Оваа анализа често го прикажува движењето и просеците на цените на пазарот. Чартистите, или техничките аналитичари веруваат дека од нивните графици може да се види трендот по кој се движат цените и според кој тие можат да ги предвидат идните придвижувања на цените, со што се во можност да даваат издржани совети за купување или продажба.