Чарг-Штраусов синдром

Чарг-Штраусов синдром (Churg- Strauss   syndrome)  (МКB  М M30.1- Преваленца (распространетост) 1-9 / 100 000) е многу ретка болест од која заболуваат околу 5-7 луѓе на еден милион луѓе во светот. Спаѓа во групата на васкулити и претставува заболување на крвните садови, вени, артерии. Чарг-Штраусовиот синдром е ретка болест на малите и средни крвни садови. Можe да го зафати секој орган од телото нанесувајќи му сериозни оштетувањa кои за жал можат да завршат фатално. Оваа болест е автоимуна и како последица се јавува пореметување на имунолошкиот систем кој работи спротивно на нашиот одбранбен систем. Никаков специфичен тест не може да го потврди овој синдром затоа што знаците и симтомите се слични на други болести, па со оглед на тоа може да биде специфичен за дијагностицирање. Раните знаци и симтоми како астма и синузитис можат да бидат прилично вообичаени, па не може да се постави дијагноза сè додека воспалението не предизвика сериозни оштетувања на органите и нервите. Симптомите се зависни од тоа кој орган е зафатен, какво е оштетувањето и слично. Дијагностичките маркери вклучуваат еозонофилни гранулоцити и грануломи во засегнатото ткиво.[1]

Критериуми

уреди

Американскиот колеџ за ревматологија во 1990 година,  за дијагностицирање на Чарг-Штраусовиот синдром ги наведува овие критериуми:

  • астма;
  • еозинофилија;
  • присуство на мононеуропатија или полиневропатија;
  • нефиксирани белодробни инфилтрати;
  • присуство на параназални синусни абнормалности;
  • хистолошки докази за екстра васкуларни еозинофили.

Дијагнозата се поставува ако има 4 од овие 6 критериуми.[1]

Опис

уреди

Еозинофилната грануломатоза со полиангитис првпат ја опишале патолозите Јасејкоб Чург (1910-2005) и Лоте Строс (1213-1985) во болницата Монт Синај во Њујорк, во 1951 година. Обично се манифестира во 3 фази:

  • Раната (продромална) фаза се одликува со воспаление на дишните патишта. Скоро сите пациенти имаат астма или алергиски ринитис.
  • Втората фаза се одликува со абнормално голем број еозинофили (хипереозинофилија) што предизвикува оштетување на ткивата, најчесто на белите дробови и  дигестивниот систем.
  • Третата фаза се состои од васкулитис кој на крајот може да доведе до смрт на клетките и може да биде опасен по живот.[1]

За жал не постои лек за оваа болест. Кортикостероидната, цитостатската и биолошката терапија имаат за цел да ја стават болеста во ремисија (мирување).[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 SEMANTIC SCOLAR