Црн говор
Црн говор (англиски: Black Speech) е измислен јазик создаден од англискиот писател Џ. Р. Р. Толкин. Јазикот е измислен поради стилските и книжевните потреби за неговите три дела од сериојалот „Господарот на прстените“.
Црн говор | |
---|---|
Создаден од | Џ. Р. Р. Толкин |
Датум | 1945 – 1973 |
Прилики и употреба | Мордор во Средна Земја |
Говорници | 0 |
Причина | создаден јазик
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | нема |
Овој е еден од неколкуте јазици кои ги создал во своите дела. Јазикот се „зборува“ во Мордор. Толкин пишува дека јазикот бил создаден од Саурон како еден универзален јазик за сите слуги во Мордор, а со тоа да се заменат оркискиот јазик, Заедничкиот говор и друте јазици на Средната Земја. Според Толкин, јазикот имал две форми, едната е старата чиста форма користена од Саурон, Назгул и Олог-хаи, и „снижената“ форма користена од војниците на Барад-дур.
Јазикот го користел во книгите, но не пишувал поеми на истиот, за разлика од другите негови создадени јазици.
Натпис на Прстенот
уредиЕдинствен пример на „чист“ Црн говор е натписот на „Прстенот“:
- транслитерација
- Ash nazg durbatulûk, ash nazg gimbatul,
- ash nazg thrakatulûk agh burzum-ishi krimpatul.
- македонски
- Еден Прстен да владее со ним, еден Прстен да ги најде,
- Еден прстен да ги донесе сите ним и во темнината да ги врзе.
Следниве зборови се извадени од натписот и образложени од самиот Толкин.[1]
Црн говор | македонски |
---|---|
ash | еден |
nazg | прстен |
durb- | присили, доминира |
-at | глаголска наставка |
ulûk | наставка за 3 л. мн. за "ним" (ul) во целосна форма „на сите ним“ |
gimb- | бара, открива |
-ul | ним |
thrak- | донесе со сила, влече |
ghâsh- | оган |
agh | и |
burzum | темнина |
ishi | во, внатре |
krimp- | врзе |
Други примери
уредиНеколку зборови на Црниот говор се познати, опишани од Толкин во Додатокот Ф на книгата „Враќањето на кралот“. Овие се: Lugbúrz ("„темна Кула“ (Барад-дур), snaga („роб“) и ghâsh („оган“). Името „Назгул“ (Nazgûl) е комбинација од зборовите nazg што значи „прстен“ и gûl што значи „дух“ или „привидение“.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ J.R.R. Tolkien, "Words, Phrases and Passages in Various Tongues in The Lord of the Rings", Parma Eldalemberon 17, p. 11.
- ↑ Fauskanger, Helge K. „Orkish and the Black Speech“. Ardalambion. University of Bergen. Посетено на 2 September 2013.
Надворешни врски
уреди- Оркиски и Црн говор
- Црн говор, анализа на Грег Данел
- Целосната поема или натпис на Прстенот, аудио запис.