Црна операција
Црна операција (на англиски: Black operation или black op) е тајна или прикриена операција која најчесто вклучува активности кои се многу тајни и се надвор од стандардниот воен протокол дури и спротивни на законот.
Овој тип на операција има неколку цели: да не се преземе одговорност за извршената акција, да се остави впечаток дека некој друг ја извршил или да се прикрие фактот дека Црна операција била спроведена. Црна воена или паравоена операција, може да се користи од страна на разни тајни служби за да постигнат или да се обидат да постигнат невообичаено чувствителни цел. Методите кои се користат во црните операции исто така се користат во неконвенционалниот начин на војување. Црната операција може да вклучува активности како што се убиства, саботажи, изнуда, шпионирање на сојузничките земји или сопствени граѓани, киднапирања, поддршка за движењето на отпор, тортура, употреба на измама за да се добијат средства, употреба на деца-војници, експерименти со луѓе, трговија со шверцувани предмети и друго.[1][2][3]
Извори
уреди- ↑ Frum, David (2000). How We Got Here: The '70s. New York, New York: Basic Books. стр. 49–51. ISBN 0-465-04195-7.
- ↑ „Transcript of a recording of a meeting between President Richard Nixon and H. R. Haldeman in the oval office“. hpol.org. 1972-06-23. Архивирано од изворникот на 2012-01-12. Посетено на 2008-07-04.
- ↑ Dale Andrade. Ashes to Ashes: The Phoenix Program and the Vietnam War. Lexington Books. 1990.