Црква Света Петка Самарџиска (Софија)
(Пренасочено од Црква Света Петка Самарџиска)
Црквата Света Петка Самарџиска е црква која се наоѓа во Софија, Бугарија и е во склопот на Бугарската православна црква. Посветена е на Света Петка Самарџиска.
Црква Света Петка Самарџиска | |
---|---|
Поглед кон црквата | |
Место | Софија |
Земја | Бугарија |
Вероисповед | православие |
Црковништво | Софиска епархија |
Историја | |
Основана | ХІ век |
Посветена на | Света Петка Самарџиска |
Архитектура | |
Статус | активна |
Физички особености | |
Материјали | камен тула |
Историја
уредиОваа црква била изградена во 11 век, но се смета дека на нејзино место имало црква од многу порано. Најстарите задржани фрески датираат од 14 век. Црквата претставува мала еднокорабна градба, делумно вкопана во земјата. Под нејзините темели биле откриени стари римски гробници. Ѕидовите на црквата се дебели 1 метар, изградени од тули и камења. Иконостасот во црквата е дело на дебарските мајстори од фамилијата Филипови.
Според писателот Николај Хајтов во оваа црква бил погребан Васил Левски.
Галерија
уреди„Црква Света Петка Самарџиска (Софија)“ на Ризницата ? |