Црква Света Богородица Елеуса

Надворешен изглед на црквата
Влезен дел на црквата

Локација

уреди

На околу 10 километри северозападно од Струмица, во горниот дел на селото Вељуса, со векови опстојува манастирската црква Св. Богородица Елеуса (Милостива).

Историја

уреди

Над влезот во црквата сè до Првата светска војна стоела мермерна плоча со долг натпис во кој биле содржани податоци за историјата на манастирот како и годината на изградбата. Во текстот меѓу другото било напишано името на струмичкиот епископ Манојло, кој го подигнал овој манастир и годината 1080 кога била изградена црквата. Историски податоци за изградбата на црквата и за нејзиниот ктитор, монархот Мануил наоѓаме во Типикот што лично бил напишан од него меѓу 1085 и 1106 година. Од непомалку значење е преписот на пописната книга за црковниот трезор за бројот на иконите, ракописните книги, архивските документи, одежди и др. Овој документ бил напишан околу 1164 година, а препишан некаде од 13ти до 15 век.

Од досегашните сеќавања може да се заклчи дека покрај манастирската црква во рамки на манастирот имало стари манастирки конаци на два ката со чардаци, трпезарија, монашки ќелии во склопот на конаците и економски згради. Од сето тоа до денешен ден не останало скоро ништо, со мали исклучоци на обновените конаци на северната страна од манастирскиот комплекс.

Архитектонско решение

уреди

Решение во основа

уреди

Во својата основа црквата е четириконхална, со осмострана купола, како ретка градба од ваков вид во Македонија. Изградена е во 1080 година, а на тоа време му припаѓаат нартексот и јужниот параклис. Подоцна во втората половина на 14 век, кон западната страна на црквата бил изграден и ексонартексот со трем од јужната страна а потоа и трем на северната страна.

Ентериер

уреди

Во црквата се сочувани фрески од два временски периоди:

  • Првиот, кога била подигната црквата (11 век) со фреско-живопис во олтарниот простор, композицијата „Сретење“ во западната конха и композицијата „Влегување во ад“ во северната конха.

Од истиот период се фреските во тамбурот на куполата- старозаветни пророци, а на источната страна е Богородица Оранта и Св. Јован Претеча и два архангела. Фрески од овој период (11 век) има сочувано и во јужниот параклис, меѓу позначајните се: Св. Пантелејмон, Св. Нифон и Христос Емануил.

  • Фреските од втората фаза кои му припаѓаат на 12 век се наоѓаат во ексонартексот на северниот и западниот ѕид од јужниот трем, со сочуваниот лик на Св. Онуфрие.

Во црквата е сочуван во изворна состојба мермерен иконостас, а фрагментарно се зачувани и мозаичните декорации на подот.