Црвена полумесечина во Јемен

Друштвото на Црвената полумесечина во Јемен ( арапски : جمعية الهلال الأحمر اليمني) е јеменско хуманитарно здружение основано во 1968 година.[1] Групата е национална подружница на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.[2]

Логото на Црвената полумесечина во Јемен

Главни цели

уреди

Говорејќи во 2018 година, генералниот секретар на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Елхаџ Ас Си, изјавил дека приоритетите за организацијата во 2019 биле: подготовка за следната пандемија; движењето за заштита на ранливите популации како жени, деца, раселени лица и лица со посебни потреби; и подготовка за прашања поврзани со климата.[3]

Активности и историја

уреди

Основање

Јеменската Црвена полумесечи била основа од Абдула Алкамези.[4] Тој останал на функцијата генерален секретар до 2000-тите.[4] Починал во 2017 година, откако не бил во можност да го добие потребниот медицински третман во Јемен.[4][5]

Јеменската граѓанска војна

Друштвото на Црвената полумесечина во Јемен е една од малкуте групи на хуманитарни организации кои сè уште им помагаат на цивилите на теренот во Јемен во моментов.[6] Неколку хуманитарни работници биле повредени или убиени при нивната работа во Јемен; четворица работници од Црвената полумесечина во Јемен починале во период од 6 месеци во 2015 година.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „About us | Yemen Red Crescent“. en.yemenredcrescent.org. Архивирано од изворникот на 2019-08-08. Посетено на 2019-08-08.
  2. „National Societies directory“. International Federation of Red Cross and Red Crescent Societies (англиски). Посетено на 2019-08-08.
  3. „As crises multiply, what are aid groups' priorities for 2019?“. Reuters (англиски). 2018-12-28. Посетено на 2019-08-08.
  4. 4,0 4,1 4,2 Dehghan, Saeed Kamali (2017-09-01). „Yemen Red Crescent founder dies after being denied treatment“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2019-08-08.
  5. Fitch, Asa. „U.N. Report Flags Possible War Crimes in Yemen Conflict“. WSJ (англиски). Посетено на 2019-08-14.
  6. 'Where are my brothers?' pleads Yemen school bus attack survivor“. www.aljazeera.com. Посетено на 2019-08-08.
  7. „Yemen: Tragic death of yet another Red Crescent aid worker“. International Committee of the Red Cross (англиски). 2015-06-09. Посетено на 2019-08-08.

Надворешни врски

уреди