Црвена линија (Монтреалско метро)

Црвена линија (англиски: Red Line; француски: Ligne rouge), позната и како Линија 3 (англиски: Line 3; француски: Ligne 3), ― поранешна предложена линија на Монтреалското метро, која никогаш не ја поминала својата фаза на планирање. Линијата требала да има 15 станици и да завршува во Картиервил (западно) од Бордо-Картиервил, користејќи ги патеките на Канадската национална железница и Монрујалскиот Тунел под Мон Рујал.[1] Линијата била откажана затоа што:

  • Возовите би морале да користат челични тркала наместо гуми како останатите вагони метро, бидејќи дел (или поголемиот дел) од линијата требала да оди надвор.
  • Експо 67 ја направил Жолтата линија поважна.
Проектот од 1961 година на Монтреалското метро со линија 3 во црвено и предложени проширувања во жолта боја.

Линијата сè уште била планирана за изградба како линија „регионално метро“ на почетокот на 1980-тите, намалена на вкупно 9 станици.

Пругите биле користени од патничката железничка линија „Ду Монтањ“ помеѓу 1995 и 2020 година и ќе го образуваат средишниот дел на планираната Метрополитенска брза мрежа (Réseau express metropolitain.

Список на планирани станици од 1982 година

уреди

За линијата биле планирани следните станици:[2]

  • Главна железничка станица
  • Винсент Д'Инди
  • Мон Ројал
  • Кот Верту
  • Буа-Франк
  • А-Ма-Бај
  • Роксборо
  • Лавал
  • Ду Монтањ

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Why is there no line 3?“. Everything about the STM. Превозно друштво на Монтреал. Архивирано од изворникот на 2013-06-10. Посетено на 7 февруари 2023.
  2. "Le Métro fait surface: La ligne 6". Quebec Science, vol. 21, no. 3, Nov. 1982. Ministere des Transports du Quebec and le Conseil des Transports de la region de Montreal.

Надворешни врски

уреди