Циклон Б
Zyklon B (германски: Zyklon B) — комерцијално име за пестицид на основа на цијанид откриен во раните 1920-ти, и произведен од страна на германскиот хемиски конгломерат „IG Farben“ (македонски: ИГ Фарбен). Циклон Б содржи цијановодородна киселина (prussic acid), стабилизатор, предупредувачки мирис (етил бромоацетат), и еден од неколкуте адсорбенти. Циклон А бил претходно произведен течен пестицид, кој ослободувал цијановодородна киселина во хемиска реакција со вода. По откривањето на Циклон Б, производството на Циклон А запрело.
Овој производ е неславен поради употребата од страна на нацистичка Германија за убиство на 1,2 милиони луѓе од кои 960.000 евреи, во повеќе гасни комори за време на Холокаустот.[1] Еден од ко-пронаоѓачите на Циклон Б, хемичар и стопанственик Бруно Теш, бил погубен од страна на британците во 1946 поради неговата улога во оваа операција.
Наводи
уреди- ↑ Höss, Death Dealer, pp. 154–55, cited in Christopher Browning, The Origins of the Final Solution (Nebraska Univ Press/Yad Vashem, 2004), pp. 526–27, n. 208, 209, 210.
Надворешни врски
уреди„Циклон Б“ на Ризницата ? |
- Chemistry is Not the Science Архивирано на 4 јуни 2008 г. – a critique of the arguments of Holocaust deniers regarding the use of Zyklon B in gas chambers.
- URAGAN D2 Архивирано на 9 декември 2013 г.