Цветко Смилевски
Цветко Смилевски е македонски образовен деец кој се има истакнато како педагог, учебникар, раководител, консултант, и основоположник на менаџерското образование во Македонија[1].
Приватен живот
уредиРоден е во 1947 година во Сливово, општина Дебрца, каде што го минува најраното детство и го завршува првото одделение. По низа преселби низ пелагониските села, семејството гради куќа во Битола. Во новата градска средина го завршува средното училиште и активно се вклучува во работата на неколку организации, како што се клубот на младите писатели „Стале Попов“, Сојузот на комунисти на Македонија, и Општинскиот одбор на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија. При крајот на третата година од средното образование, на битолското Тумбе Кафе ја запознава својата идна сопруга, Цена. По завршувањето на средното училиште заминува на школување во Високата индустриско-педагошка школа во Риека како стипендист на Министерството за образование. Во текот на студиите активно учествува во Клубот на младите писатели и ја врши должноста претседател на студентската организација. При крајот на студиите стапува во брак со Цена, со која имаат две деца, Горазд и Здравко. Дипломира и магистрира на Високата школа во Риека, а докторира на Философскиот факултет во Скопје[2].
Работен век
уредиПо завршувањето на студиите, Цветко се вработува како професор по машинската група предмети во тогашниот Електромашински училиштен центар „Ѓуро Салај“ во Битола, сега Средно општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“, каде што наскоро почнува да се грижи за иницирање и координирање на активностите на унапредување на наставата. По ставањето на училиштето во принудна управа, избран е за претседател на кризниот Одбор. Како вклучен во реформските процеси во средното образование, избран е за самостоен педагошки советник за електро-машинска струка во штотуку формираниот Републички завод за унапредување на образованието и воспитувањето. Десетгодишната работа во Заводот ја завршува како негов директор, по што започнува со работа во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Во 1991 година ја основа студиската програма за кадровски менаџмент, со што образованието за менаџмент станува дел од македонската академска заедница. Набрзо потоа, во соработка со Мастришката школа за менаџмент, ги воведува првите постдипломски студии за менаџмент (МБА) во Македонија. Подоцна истата година ја основа сопствената образовно-консултантска фирма ДЕТРА Центар. Во 1995 учествува во формирањето на Факултетот за учители и воспитувачи во Битола, каде што подоцна ги основа постдипломските студии по методики на настава. Во 2008 година го напушта Факултетот за да ја оствари својата долгогодишна визија за приватна високошколска институција, Бизнис Академијата Смилевски, каде што е основачкиот директор.
Области на придонес
уредиТој е плоден академски автор, со над 200 објавени трудови.
Афирмација и ширење на менаџментот и претприемаштвото
На почетокот на 1990те, Цветко ја согледува важноста на менаџментот и претприемаштвото за претстоечката транзиција од планското стопанство кон пазарното и го објавува еден од првите трудови на оваа тема[3], по кој следи првата монографија на македонски јазик од оваа област[4]. Неколку години подоцна, заедно со група коавтори, објавува книга за афирмација водството во Македонија[5]. Во 2012 придонесува труд[6] од областа на компаниската конкурентност, а една година подоцна се јавува како коавтор на модел за академска настава од областа на менаџментот[7].
Aкадемски придонес
Во 1989 излегува од печат двотомната Педагошка енциклопедија[8] во која тој е најзастапениот автор од Република Македонија, со 19 одредници од областа на стручното и политехничкото образование. Во 2012 објавува универзитетски учебник од областа на методологијата на научните истражувања[9].
Стручни концепти
Како консултант за организациски промени, тој е автор на консултантската методологија СКИТОП[10], како и на интегрален модел за организациско учење[11][12]. Понатаму, се јавува како автор на модели за одржливо водство[13] и за ефективни организациски промени[14].
Институциски развој на образованието за менаџмент
Својот теоретски придонесот кон академските основи на менаџментот Цветко го надополнува во праксата преку институционализирање на повеќе образовни облици, како што се консултантско-обучувачката фирма Детра Центар, училиштето за странски јазици, компјутери, и креативност Фанскул, како и Центарот за интернационален менаџмент, за да кулминира со основањето на Бизнис академијата Смилевски, како облик на академско претприемништво кој го формализира образованието испорачувано низ активностите на Детра во текот на претходната деценија[2].
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 1383. Посетено на 27 February 2024.
- ↑ 2,0 2,1 Смилевски, Цветко (2020). Сеќавања за иднината. Битола: БАС Институт за менаџмент.
- ↑ Смилевски, Цветко (1991). Андрагошката функција на претприемачкото водење на претпријатието, Годишник на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Скопје: ИСППИ. стр. 145–146.
- ↑ Секстон, Доналд; Смилевски, Цветко (1993). Претприемаштво - Креативност и развој, Искуства од САД и Македонија. Скопје: ДЕТРА Центар.
- ↑ Смилевски, Цветко (коавтор) (2010). Вовед во бизнисот. Скопје: Агeнција за поддршка на претприемништвото на Република Македoнија.
- ↑ Смилевски, Цветко. „Менаџментот и компаниската конкурентност“ (PDF). БАС Институт за менаџмент. Посетено на 27 February 2024.
- ↑ Смилевски, Цветко; Смилевски, Горазд (2013). DEAN – didaktika efektivne akademske nastave (PDF). Novo Mesto, Slovenia: Faculty of Business and Management Sciences. стр. 229–238.
- ↑ Potkonjak, Nikola; Simlesa, Pero (1989). Pedagoska enciklopedija. Beograd: Zavod za udžbenike i nastavna sredstva.
- ↑ Смилевски, Цветко (2006). Методологија на истражување. Битола: Педагошки факултет.
- ↑ Смилевски, Цветко (2000). Предизвикот и мајсторството на организациските промени. Скопје: ДЕТРА Центар.
- ↑ Smilevski, Cvetko (2013). „Organizational Learning for Smart Organization“. Smart Growth: Organizations, Cities and Communities, Proceedings: 621–656. Посетено на 27 February 2024.
- ↑ Smilevski, Cvetko (2013). „From Knowledge Management to Organizational Learning“. PAR International Leadership Conference- Leadership for life, Proceedings,: 324–656.CS1-одржување: излишна интерпункција (link)
- ↑ Smilevski, Cvetko (2017). „Sustainable Leadership and Organizational Sustainability through Organizational Change“. Journal of Business Paradigms. 2: 79–111.
- ↑ Smilevski, Cvetko (2017). „Conceptual model of Effective Organizational Change“. Knowledge - International Journal,. 18.1: 27–36.CS1-одржување: излишна интерпункција (link)