Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Цветан Гавровски е доктор на технички науки од областа на електрониката. Редовен професор на Факултетот за Електроника и информациски технологии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Објавил над 100 труда на меѓународни симпозиуми и во списанија од областа на Електрониката. Автор на првиот универзитетски учебник Основи на мерна техника, 2007 година, второ издание 2011г. Автор е на оригинален Микропроцесорски дозиметриски мерен систем реализиран во серијал од 10 примероци за потребите на АРМ. Покрај професионалната ангажираност во областа на Електрониката тој е Фотографски уметник, Мајстор на фотографијата на Фото Сојузот на Македонија и носител на звањето EFIAP - Excellence FIAP на светската федерација за фотографска уметност. Излагал на над 200 групни изложби во земјата и странство. Автор на дванаесет самостојни изложби (Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Србија, Словенија). Добитник е на бројни значајни меѓународни награди за арт фотографија. Златен и бронзен медал на FIAP (The International Federation of Photographic Art), златен медал на PSA (Photographic Society of America), бронзен медал на UPI (United Photographers International), златен медал на RPS (The Royal Photographic Society), златен медал на GPU (Global Photographic Union). До 2017 година учествува на 60 компететивени меѓународни салони на арт фотографии во 26 различни земји со 287 примени фотографии од кои 156 различни. Автор е на монографијата СЛИКАЊЕ СО СВЕТЛИНА / PAINTING WITH LIGHT (на македонски и англиски 370 стр. 200 авторски фотографии) издадена во 2020 година во Матица Македонска.

Цветан Гавровски: www.cvetangavrovski.mk