Цел за одржлив развој 8
промовирање на инклузивен и одржлив економски раст, вработување и пристојна работа за сите
(Пренасочено од ЦОР 8)
Цел за одржлив развој 8 (скратено ЦОР 8) — осма од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел обезбедување „добри работни места и економија“. Официјалниот текст гласи: „промовирање на инклузивен и одржлив економски раст, вработување и пристојна работа за сите“.[1][2][3] Целта има 12 потцели коишто треба да бидат постигнати до 2030 година, а напредокот кон нивното постигнување се мери со помош на 17 показатели. Една од потцелите е „воспоставување политики за одржлив туризам којшто ќе создава работни места до 2030 година“. Ова значи дека секоја земја ќе биде во можност да создава приход затоа што има за цел подобрување на нејзината туристичка привлечност.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Цели за одржлив развој Архивирано на 18 јануари 2021 г.“. Регионален центар за животна средина.
- ↑ United Nations (2015) Resolution adopted by the General Assembly on 25 September 2015, Transforming our world: the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/70/1)
- ↑ United Nations (2017) Resolution adopted by the General Assembly on 6 July 2017, Work of the Statistical Commission pertaining to the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/71/313)
- ↑ Ritchie, Roser, Mispy, Ortiz-Ospina (2018) "Measuring progress towards the Sustainable Development Goals." (SDG 8). SDG-Tracker.org.