Цел за одржлив развој 14

да се зачуваат океаните, морињата и морските ресурси и да се обезбеди нивно одржливо користење со цел постигнување одржлив развој
(Пренасочено од ЦОР 14)

Цел за одржлив развој 14 (скратено ЦОР 14) — четиринаесетта од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел создавање „одржливи океани“. Официјалниот текст гласи „да се зачуваат океаните, морињата и морските ресурси и да се обезбеди нивно одржливо користење со цел постигнување одржлив развој“.[1][2] Целта има 10 потцели коишто треба да бидат постигнати до 2030 година, а напредокот кон постигнувањето на секоја од нив се мери со помош на по еден показател.

Лого на ЦОР 14

Според извештајот за напредокот кон исполнувањето на Целите за одржлив развој објавен во 2020 година, тековните напори за заштита на океаните, приморските средини и малообемниот риболов не ги задоволуваат барањата за заштита на овие важни ресурси.[3]

Наводи

уреди
  1. Цели за одржлив развој Архивирано на 18 јануари 2021 г.“. Регионален центар за животна средина.
  2. United Nations (2017) Resolution adopted by the General Assembly on 6th July 2017, Work of the Statistical Commission pertaining to the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/71/313)
  3. United Nations Economic and Social Council (2020) Progress towards the Sustainable Development Goals Report of the Secretary-General, High-level political forum on sustainable development, convened under the auspices of the Economic and Social Council (E/2020/57), 28 April 2020.