Хронограф
Хронограф е времемерач или часовник со времемерни и штоперски функции. Почнале да се изработуваат во раниот XVIII век, но не уживале популарност сѐ до 1820-тите.[1]
Видови
уредиПостојат неколку видови на хронографи.[1][2]
- Аналогни хронографи и времемерната и штоперската функција е прикажана со показалки. Обично централната показалка е штоперица, додека помалите стрелки може да бидат секунди, минути или часови на штоперицата и (на некои кварцни хронографи) десеттинки или стотинки секунди.
- Дигитални хронографи имаат дигитален приказник за обете функции, или со посебни екранчиња или со менување на приказот на едно исто екранче.
- Аналогно-дигитални хронографи имаат стандарден аналоген часовник со трајни секунди во центарот и посебен дигитален дисплеј кој обично функционира независно од аналогниот дел. Повлекување на копчето го ресетира часовникот на нула, па продолжува да работи додека се држи копчето за ресетирање додека работи штоперицата. За разлика од ова највеќето механички хронографи ресетираат на нула само ако се запре штоперицата.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „A Brief History of the Automatic Chronograph“. Архивирано од изворникот на 2007-08-24. Посетено на 2 јануари 2007.
- ↑ „History of the Chronograph Watch“. Посетено на 2 јануари 2007.