Хранодарителство

Хранодарителство или собирање и дарување храна ― облик на добротворност што ја спроведуваат група поединци или корпорација за складирање и распределување на прехранбени производи на луѓе кои не можат да си дозволат храна.

Преглед

уреди
 
Прехранбени производи што не се расипуваат, собрани за време на празнично собирање и дарување храна.

Акциите за храна се извршувани со цел да се складираат банки за храна кои распределуваат храна на бездомници, народни кујни, ранливи стари лица, сиропиталишта, бегалци и жртви од катастрофи. Исто така, има и акции за храна за да им се помогне на луѓето да одржуваат празници на Божиќ и Денот на благодарноста. Многу од нив се организирани од организации на заедницата, непрофитни организации, цркви, па дури и поединци.

Критики

уреди

Многу луѓе вклучени во добротворна работа се критички настроени кон неефикасноста на акциите за храна. Давателите на храна за итни случаи можат да купат вишок залихи од прехранбената индустрија со значителен попуст, Катерина Роскета од Центарот за филантропија со големо влијание, проценува дека е 5% од малопродажната цена. Наместо да биде купувана конзервирана храна по цени во продавницата и физички да се дарува, парично дарување со иста вредност би можело да биде искористено за да се набави многу поголема количина храна и разновидност на производи избрани од добротворната организација за храна.[1]

Грег Блум од Леб за градот изразил загриженост за здравствената вредност на даруваната храна, велејќи дека „речиси половина од она што ни доаѓа при секоја акција за храна едноставно не ги задоволува нашите нутриционистички стандарди“.[1]

Најголемото собирање и дарување храна

уреди

Најголемото собирање и дарување храна од страна на една недобротворна организација за 24 часа било поставено од страна на собирањето и дарување храна при Научно-математичкиот факултет во Северна Каролина. Тие собрале 253.627905 килограми храна во Дарам, Северна Каролина, Соединетите Држави, на 5 март 2011 година.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Yglesias, Matthew (7 декември 2011). „Can the Cans“. Slate (англиски). ISSN 1091-2339. Посетено на 28 јули 2023.
  2. „Largest food drive in 24 hours - single location“. 1 март 2021. Посетено на 28 јули 2023.

Надворешни врски

уреди