Хоризонт на настани

Хоризонт на настани, наједноставно кажано, претставува границата на црната дупка која ја одделува од останатиот дел од универзумот. Како што знаеме, црната дупка е дефинирана како сингуларност кој е определен со хоризонтот на настани чија „брзина на бегство“ (брзината која е потребна на еден ентитет да ја напушти црната дупка) е еднаква на брзината на светлината. Честопати, хоризонтот на настани е дефиниран како „точка од која нема враќање“.

Генерално кажано, ништо не може да побегне од црната дупка, поточно да го напушти хоризонтот на настани и да премине во останатиот дел од космосот, затоа што според Теоријата на општа релативност, ниту една честица не се движи побрзо од фотонот. Исто така, не постои начин да се набљудуваат случувањата внатре во границите на хоризонтот на настани од надворешната страна на црната дупка, што придонесува да се сомневаме што точно се случува во рамките на хоризонтот. Затоа што хоризонтот на настани не е материјална физичка површина, туку математички дефинирана граница, материјата и зрачењето можат да влезат во црната дупка, но не и да излезат од истата.

Хоризонт на настани кај вртечки и невртечки црни дупки

уреди

Кај невртечките црни дупки, хоризонтот на настани, определен со Шварцшилдовиот полупречник[1], е сфера, па затоа и црната дупка добива таков облик. Доколку станува збор за вртечка црна дупка, заклучено е дека хоризонтот на настани има некоја неправилна деформирана геометриска форма и е различен за секоја црна дупка. Во двата случаи, Шварцшилдовиот полупречник е пропорционален со масата на црната дупка.

Хоризонтот на настани во уметноста и популарната култура

уреди
  • Event Horizon (1997)[2] е британски научно-фантастичен хорор филм на режисерот Paul Anderson
  • „Event Horizon“[3] е популарна дабстеп песна на Xtrullor

Наводи

уреди
  1. „Schwarzschild radius | astrophysics“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2018-02-04.
  2. „Event Horizon (film)“. Wikipedia (англиски). 2018-02-01.
  3. Xtrullor (2016-07-30), Xtrullor - Event Horizon, Посетено на 2018-02-04