Холтер монитор
Холтер мониторот е пренослив уред за постојано следење на разна електрична активност на срцето за најмалку 24 часа.
Холтер монитор | |
Изумител | Норман Холтер |
---|
Најчеста употреба на холтерот е за мониторинг на активноста на срцето (електрокардиографија), но исто така може да се користи и за мониторирање на мозочната активност (електроенцефалографија) или артерискиот притисок.
Холтер мониторот е наречен според лекарот Норман Холтер. Неговата употреба во клиничка пракса започнала во 1960те.