Холандската куќа“ е книга од американската авторка Ен Пачет. Била објавена на 24 септември 2019 година од страна на американската издавачка куќа Харпер. Книгата го следи животот на братот Дени Конрој и сестрата Мев, кои живеат во големата куќа којашто ја нарекуваат Холандската куќа во Елкинс Парк. Прикажани се пет децении од нивниот живот, вклучувајќи ги нивните детства, тинејџерски години, рана младост, средни и повозрасни години. За време на нивното детство, во куќата исто така живеат и Сирил Конрој и нивната мајка која брзо ги напушта за да врши мисија во Индија. Потоа, таткото се преженува за Андреа, која ќе ги донесе своите две деца во куќата. Романот бил финалист за Пулицерова награда за книжевно дело во 2020 година. Покрај тоа, книгата наидува на многу позитивен прием меѓу литературните критичари.

Заднина

уреди

Ен Пачет ја посветила книгата на Патрик Рајан. Авторка е на осум романи и три книги кои не се во книжевното поле. Има добиено бројни награди и е прогласена за една од стоте највлијателни личности од страна на списанието „Тајм“. Книгата „Холандската куќа“ ја објавува во 2019 година. Книгата е поделена на три дела и на дваесет поглавја. Како што го следат животниот век на двата главни лика, Дени и Мев Конрој, настаните се случуваат во неколку периоди.

Инспирацијата на Пачет да го искористи Елкинс Парк како локација во којашто се одвиваат настаните во книгата е бидејќи кога студирала на Колеџот „Сара Лоренс“, ги поминувала одморите и викендитe со нејзината пријателка Ерика Буксбаум Шулц во куќата на нејзиното семејство во Винкот, во близина на Елкинс Парк и Џенкинтаун. Оригинално, книгата била целосно поставена во Џенкинтаун, иако кога Пачет ја заршила, Шулц предложила да ја смени локацијата во Елкинс Парк. Таа исто така одлучила да го одбере Елкинс Парк поради близината до Њујорк, за којшто знаела дека сака да го вклучи во романот.[1]

Првото американско издание вклучувало портрет од Ноа Сатерстром коешто било специфично наменето за насловната страница. Во романот во неколку наврати и со акцент се споменува насликаниот портрет на Мев којашто носи црвено палто; истиот бил насликан кога таа имала 10 години. Сатерстром создал портрет којшто ќе го прикаже описот на Пачет.[2]

Превод на македонски јазик

уреди

Преводот на македонски е објавен од Арс Ламина - публикации. За главен уредник служела Бранка Бугариска, како уредник служела Татјана Димовска-Атанасовска, а преводот од англиски јазик го направила Бесна Ликар. Валентина Бачваровска служела за лектор, Дејан Василевски ја завршил јазичната коректура. Дизајнот на корицата бил финализиран од Pointer Creative Agency. Издадена е во тираж од 1000 примероци а печатена од Бранко Гапо во графичко производство.[3]

Ликови

уреди
  • Дени Конрој, главен лик и раскажувач
  • Мев Контрој, сестра на Дени
  • Сирил Конрој, татко на Дени и Мев
  • Нивна мајка
  • Андреа Смит, маќеа на Дени и Мев, втора жена на Сирил
  • Фиона, го носи надимакот „Бушавка“, ирска дадијарка на Мев и Дени
  • Сенди, куќна помошничка на семејството Конрој
  • Џослин, сестра на Сенди, куќна помошничка на семејството Конрој
  • Брајт Смит, ќерка од прв брак на Андреа
  • Норма Смит, ќерка од прв брак на Андреа
  • Отерсон, сопственик на компанија за замрзнат зеленчук, шеф на Мев
  • Г-ѓа Буксбаум
  • Дорин
  • Лесли, цимерка на Мев
  • Г-дин Бренан
  • Г-ѓа Кенеди
  • Мартин, тренер на Дени
  • Гуч, адвокат посредник меѓу Дени, Мев и Андреа
  • Роберт, пријател на Дени
  • Ти-Џеј, пријател на Дени
  • Метју, пријател на Дени
  • Селест Норкрос, сопруга на Дени
  • Меј, ќерка на Дени
  • Кевин, ќерка на Дени
  • Мајка на Селест, домаќинка
  • Татко на Селест, стоматолог
  • Алис Ејбл
  • Меј, ќерка на Дени и Селест
  • Кевин, син на Дени и Селест
  • Енди
  • Чак
  • Инез, домашна негувателка која се грижи за Андреа откако таа ќе заболе од деменција
  • Ван Хубикови, сопруг и сопруга, бивши сопственици на холандската куќа

Содржина

уреди
Прв дел

Книгата започнува со прикажување на структурата на семејството и постепено прикажување на ликовите, меѓу кои и Андреа, новата девојка на Сирил Конрој. Г-дин Конрој работи како агент за недвижности, а воедно прикажан е како ладен и оддалечен маж, кој има голема желба да им го покаже својот бизнис на своите деца и уште од рана возраст да ги научи како се води. Покрај тоа, често ги зема децата со него кога треба да собира наемнина од неговите станари. Уште на самиот почеток, прикажано е како Андреа и Сирил се поврзуваат главно поради самата Холандска куќа и двајцата на долго и широко ги дискутираат деталите на нејзината архитектура, интериерот и екстериерот. Исто така, историјата на куќата на Ван Хубикови е започната и се прикажува дека тие успеале да ја изградат куќата преку нивниот бизнис на продажба со цигари. По ова следува осврт на татковата работа, прикажување на односот меѓу Дени и Мев и како нивната мајка постепено ја напушта куќата во која живее. Тоа ќе доведе до голем внатрешен конфликт во Мев, која ќе се разболи. Со оглед на тоа дека Мев е повозрасна од Дени, а и по природата на нејзиниот карактер, таа е онаа која ја презема мајчинската улога на себе и ја покажува најголемата грижа кон Дени. Брајан и Норма, ќерките на Андреа доаѓаат во посета што води до поголемо зближување на Дени и Мев. Мев почнува да влегува во конфликт со нивниот татко. Таткото се венчава со Андреа, којашто веднаш потоа почнува да добива поголема контрола во семејството и да се однесува лошо кон Сенди и Норма. Еден од ударните настани е кога таа ќе одлучи да ја промени собата на Мев, којашто ќе ги остави членовите на семејството негативно зачудени.

Дени, којшто никогаш ја нема запознаено својата мајка бидејќи го напуштила домот кога бил многу мал, одат во посета на куќата од мајката. Дени и татко му разговараат за тоа како неговата мајка има многу хумани побуди да ги прави работите, но тие не можат најдобро да ја разберат и сметаат дека оди предалеку. Дени и Мев сè повеќе се зближуваат еден кон друг и сфаќаат дека не се толку задоволни од новиот живот со маќеата. Набргу се случува несреќа и таткото на Дени и Мев умира поради инфаркт на работното место. Тоа е проследено со изразување сочувство од сите луѓе кои се засегнати. Двајцата најмногу ја споделуваат тагата околу неочекуваната смрт со нивната маќеа. Андреа покажува голема крутост кога станува збор за католичките процесии и го изразува својот револт на гробиштата. Таа нејзина агресивност продолжува, сè додека не ги истера Дени и Мев од куќата и тие мора да се отселат во стан. Двајцата бавно и постепено се прилагодуваат на животот после смртта на татко им и Адвокатот Гуч е главниот посредник на средување на финансиите меѓу нив и Андреа.

Втор дел

Дени е прикажан за време на своите студентски години како со воз оди кон студентската соба на Универзитетот „Колумбија“. Мечтае за тоа како доколку сестра му би била со него, многу поубаво ќе му поминува времето, што го води да се наврати на некои постари моменти кои двајцата ги споделиле. Потоа е прикажано како Дени има проблеми по предметот органска хемија за што мора да разговара со неговиот професор. Тој се чувствува многу вознемирен што пречката може да му дојде од таа страна. На патот кон дома за Денот на благодарноста успева да ја сретне Селест во возот која му го чува местото и книгата и двајцата набрзо започнуваат разговор, а прикажани се и први знаци на поврзаност меѓу нив. Мев доаѓа и се запознава со Селест, а двајцата ја пренесуваат дома. Потоа, книгата оди во иднината, а Дени прави осврт на по малку зајадливиот однос меѓу Селест и Мев. Сепак, двете исто така наоѓаат и заеднички теми на разговор, а тоа се нивните студии. Потоа животот на Дени во Њујорк е прикажан заедно со општествениот поредок кој е таму присутен. Започнува врска со Селест. Времето го поминува во играње кошарка и за време на едно од неговите движења наоколу, наидува на зградата од неговиот покоен дедо од мајка и се одлучува да му се врати на бизнисот. Покрај тоа што Дени не сака да гради академска кариера во полето на медицината, неговата сестра инсистира, а професорот по органска хемија се нафаќа да му помогне како на човек без родители. Сепак, Дени е најмногу привлечен од работа слична на онаа на татко му.

Андреа, која комуницира со нив преку адвокатот Гуч, почнува да се жали што тој троши толку многу пари на студиите, но неговата сестра продолжува со инсистирањето. Врската на Селест и Дени сè повеќе се продлабочува и за време на војната во нивната држава, тие почнуваат да имаат односи. Селест потоа сака двајцата да се венчаат, на што Дени отпрвин пружа отпор бидејќи смета дека е рано. Покрај тоа што сестра му го споделува неговото мислење и тоа ќе биде причина за лутина меѓу неа и Селест, како Селест и Дени, на крајот тој попушта и станува заинтересиран за брак. Дени е прикажан како еден од најуспешните студенти за време на неговата хируршка ротација. Тој исто така продолжува да комуницира со Доктор Ејбл и да се бави со недвижнини, знаејќи дека му преостанува уште малку време на колеџот „Алберт Ајнштајн“. Неговата врска со Селест се продлабочува, која во меѓувреме станува учителка во јавно основно училиште. И покрај инсистирањата на својата сестра и на Мев да размисли да ѝ се врати на медицината, Дени одбива да го оди тој пат. Мев му ја раскажува приказната за тоа како татко им ѝ ја купил холандската куќа на мајка им како подарок. Мев, која тогаш била само дете, се сеќава како мајката имала реакција на шок при сознанието, а ја раскажува и турата низ нејзините простории кои покрај тоа што изобилуваат со спомени од претходните сопственици, ван Хубикови исто така има и делови кои се подложни на уништување од ракуни. Уште тогаш, Бушавка била ангажирана како помошничка во куќата. Потоа, Мев се наоѓа во болница поради тоа што ѝ се јавува црвена жила на раката од целулитис (инфекција) и Дени ѝ оди во посета. Таму го затекнува господин Отерсон и Мев како лежи додека прима инфузија со антибиотици. Покрај големата загриженост на Дени за нејзината здравствена состојба, Мев не е заинтересирана за неговата помош. Таа има да му каже дека ја видела Бушавка во близина на холандската куќа. Двете се сретмнале и Бушавка вдднаш ја препознала по што Мев ѝ раскажува сѐ околу нивната куќа и случките во нивното семејство. Бушавка исто така ѝ раскажува за сопствената судбина, односно како по оптуштањето од нивната куќа Католичката црква ѝ помогнала да се вработи како дадијарка и се омажила за вратарот во зградата каде што работела и се преселила во Бронкс. Главната порака која ѝ ја пренесува за Дени е дека сака да го види за да се смират на што тој негодува. Мев заспива, а Дени разговара со докторот.

Животот тече понатаму; врската на Дени и Селест оди напред. Доаѓа моментот кога тој треба да се сретне со Бушавка. Двајцата се среќаваат во пекарница. Бушавка веднаш му носи спомени од неговото најрано детство. Таа се присетува на ударот со лажица, му раскажува за својот маж, Боби Ди Камило и нивните дева и ја отвора темата за нејзиниот љубовен однос со неговиот татко. Таа му кажува дека покрај неморалноста, односно имањето односи надвор од брак со неговиот татко, таа го сметала за разведен и затоа се одлучила на таков чекор. Потоа Бушавка одлучува да му ја каже главната тема, дека мајка му е во градот. Темата не му е омилена на Дени и неговите негативни чувства веднаш испливуваат на површина. Сепак, Бушавка пробува да му го долови филантропскиот живот на мајката. Тие се разделуваат, а Дени се сеќава дека еднаш ја видел неговата мајка додека работел во болницата.

Критички прием

уреди

На веб страницата, наречена Book Marks, којашто ги собира и зема просек од индивидуалните рецензии од модерните литературни критичари, романот добива кумулативен „позитивен“ рејтинг заснован на 31 рецензија: 15 „многу добри“ критики, 13 „позитивни“ и 3 „помешани“ критики.[4]

Наводи

уреди
  1. Греј, Елен (24 септември 2019). 'The Dutch House': Ann Patchett tells us why she set her new novel in Elkins Park. She speaks there Wednesday“ [Холандската куќа: Ен Пачет ни кажува зошто го базирала својот нов роман во Елкинс Парк. Таа ќе зборува таму во среда.]. The Philadelphia Inquirer. Посетено на 26 септември 2019.
  2. Маркус, Џ.С. (1 мај 2020). „A Fictional Portrait Brought to Life“ [Измислен портрет е оживеан]. The Wall-Street Journal. Посетено на 11 април 2024.
  3. Холандската куќа : роман / Ен Пачет ; [превод од англиски јазик Весна Ликар]. - Скопје: Арс ламина - публикации, Арс либрис, 2020. - 320 стр. ; 21 cm. - (Едиција Бестселери). Превод на делото: The Dutch House / Ann Patchett. - За авторот: стр. 319. ISBN: 978-608-267-184-0
  4. „The Dutch House“. Book Marks. Посетено на 7 мај 2020.