Хокеарскиот клуб „ХВ71“ е професионален тим во хокеј на мраз кој доаѓа од градот Јеншепинг, Шведска. Клубот моментално настапува во најсилната професионална лига за хокеј во Шведска. Вкупно 4 пати бил шампион на својата држава и тоа во сезоните: 1994/95, 2003/04, 2007/08 и 2009/10. Своите домашни натпревари клубот на ХВ71 ги игра во салата „Кинарпс арена“ со капацитет  од 7.400 места за седење. Пред да започне да настапува во оваа арена клубот своите натпревари ги играл во старата сала „Росенлундхален“ која имала капацитет од 4.500 места. Оваа сала била срушена во 2000 година.[1]

Играчите на хокеј на мраз од HV71 влегуваат во мраз пред третиот период за време на домашниот натпревар од Шведската елитна лига против Лулео ХФ. ХВ71 го доби натпреварот со 4-0.

Историја

уреди

Хокеарскиот тим на ХВ71 е формиран во мај 1971 година врз основа на спортските друштва Хускварна и Ветерстад. Од таму и името како први букви од двете спортски друштва надополнети со годината 1971 или скратено 71.

Клубот официјално започнал со своите активности во сезоната 1971/72, а прволигашки статус има достигнато во 1979 година. Во првата сезона тимот го заземал последното место и експресно се вратил во втората лига. Повторно се враќа во првата лига во сезоната 1984/85 и од тогаш до денес овој тим настапува во најсилната шведска лига во хокеј. Во периодот од 1994 до 2002 година името на овој тим е ХВ71 Блу булси.

Првата шампионска титула ја освојува во сезонта 1994/95, иако клубот влегува во доигрувањето како осмопласирана екипа во регуларниот, почетен дел на натпревари. Во четврт финалето на таа сезона го победува тимот на Ѓургарден, во полуфиналето тимот на Малме, а во големото финале екипата на Бринес.

На тој начин ХВ71 станува првиот тим во историјата на шведското хокеарско првенство кој од осмата позиција стигнува до шампионскиот „престол“.

Втората шампионска титула тимот ја има освоено во сезоната 2003/04. Во регуларниот тек на сезоната тимот го заземал првото место. Во финалето совладан е тимот на Ферјестад со резултат од 4:3. За време на четвртфиналето од истата сезона тимот на ХВ71 успеал да постигне на еден натпревар дури 7 голови во една третина и тоа против тимот на Модо. Ова е рекорд на постигнати голови во една третина во шведското најелитно натпреварување.

Третата и четвртата шампионска титула тимот ги има освоено во периодот помеѓу 2007 и 2010 година, а во 2009 година тимот играл во големото финале и има загубено од екипата на Ферјестад со резултат 1:4.

Наводи

уреди
  1. „CHL Groups & Format“. Champions Hockey League. IIHF. Архивирано од изворникот на 2008-10-31. Посетено на 2008-10-29.

Надворешни врски

уреди