ХК Тимро е професионален тим од градот Тимро во Шведска. Моментално настапува во втората лига за хокеј во Шведска. Домашните натпревари хокеарскиот тим на Тимро ги игра во „НКХ арена“ со капацитет од 6.000 места. Оваа арена е изградена во 1966 година, а комплетно е реновирана во 2003 година.

Боите на клубот се: црвена и бела.

Историја уреди

Хокеарскиот тим на Тимро е формиран во 1938 година.[1] Сегашното име клубот го носи во периодот од 1966 до 1990 година, а потоа и од 1995 година па сè до денес. Во меѓувреме клубот неколку пати го менува своето име и тоа: Вифста Естранд ИФ, Вифста Естранд- Фагервикс ИФ и Сандвал Тимро.

Во сезоната 1958/59 година тимот за прв пат има играно на вештачки мраз. Во 1966 година за прв пат настапува во затворена сала бидејќи во таа година бил поставен кров на салата во која настапува. Најголем успех на тимот е полуфинале за шампионска титула во првата елитна лига.

Наводи уреди

  1. „1928 – 1936 I begynnelsen / 1928 - 1936 In the beginning“. dubbeltallen.se (Swedish). Посетено на 17 May 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски уреди