Хокеарскиот клуб „Мора“ е професионален колектив кој доаѓа од градот Мора, Шведска. Своите домашни натпревари ги игра во арената „Смијеграв“ со капацитет од 4.500 места. Оваа арена е изградена во далечната 1967 година.

Најголемиот успех тимот го има постигнато во 1950 година кога настапил во финалето на шведското државно првенство во хокеј кога биле поразени од тимот на Ѓургарден.

Боите на дресовите на клубот се: црвена, бела и зелена.

Историја уреди

Клубот е  формиран 1935 како спортско друштво, а професионалните натпревари во хокеј ги започнува во 1945 година. Во 1946 година тимот започнал да се натпреварува во првата елитна лига. Тоа бил најголемиот успех на тимот до тој период. Во наредните години клубот наизменично има играно во првата и во втората лига. Во 1966 година хокеарскиот тим на Мора влегува во првата лига и таму останува во наредните девет сезони.

Во 1975 година тимот на Мора испаднал од првата лига и во наредните 29 години настапувал во втората хокеарска лига, сè до 2004та година кога тимот се враќа во првата лига. Во сезоната 2005/06 тимот го има освоено 8то место со што за прв пат успеал да се квалификува во плеј офот по 1970 година. По 4 сезони тимот преку плеј аутот заминал во втората лига. Во втората лига Мора настапувал до сезоната 2017/18 кога успеал да се врати во елитата.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди